На 23.10.22 во 19 ч., на официјалниот канал на Анастасија Центар, беше промовиран видео мјузиклот „Исцелител“ – 25 години Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија“, како продолжение на сценската изведба во Народен Театар Битола, музичко сценски перформанс кој се одржа на 05.10.22 година.

Во мјузиклот учествуваат деца, млади и возрасни, пејачи и танчери, членови на Анастасија Центар. По тој повод во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, се снимија и преработија 8 авторски песни, од вокалната група на центарот Анастасија, со поддршка од Mинистерството за Култура.

Во продолжение линк од целосното видео…

Како дел од настанот беа вклучени и млади талентирани лица со посебни потреби кои посетуваат редовно часови по пеење, танци и музичка терапија во Анастасија Центар. Музички секвенци,часови по свирење на музички инструменти, снимање на аудио записи и аранжман направи Владимир Враниќ. Текстовите се од документарни материјали на самите учесници. Режија, одржување на часови по вокална техника, соло и хорско пеење, поготвување на текстови, снимање на аудио записи, аранжмани, музичка продукција, микс и мастериг и кореографија потпишува Стефанија Милевска Враниќ.

Мјузиклот „Исцелител“, повикува на будење за заштита на планетата земја, потсетува дека секој поединец треба да се пронајде себе си, да го прави тоа што навистина го сака и да помага на другите, да работи на личната самосвест и да негува вистински вредности, тогаш тој би бил навистина среќен и би успеал да се излекува себе си. Секој за себе си е „Исцелител“.

Во текот на овие 25 години се создадени огромен број на перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, уникатните костими се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.

Во продолжение линк од 8те студиски песни преработени и снимени во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, од вокалната група на Анастасија Центар.

meblo trejd alati
Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…