На 15.05.2022 во Штиме, Косово се одржа меморијална трка „Нусрет Муслиу“ во должина од 90 километри. На трката учество зедоа велосипедисти од Косово, Албанија и 5 клубови од Македонија. Велосипедскиот клуб „Пелистер 15 Мај“ од Битола настапи со 4 велосипедисти во категориите: кадети – Михаил Богдановски, јуниори – Андреј Лешнаров и Даим Мухарем, елит Никола Дамјанов. Во категорија јуниор Андреј Лешнров го освои првото место, додека Даим Мухарем го освои второто место. Михаил Богдановски и покрај тоа што падна во првите километри успеа да ја продолжи трката и го освои првото место. Никола Дамјановски ја заврши трката на 4-то место во елит.

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…