Со концерт на трите бенда, ВЕЛ, БAiLDSA и Helem Neјse кој вечерва ќе се одржи во Градскиот парки со почеток од 21 часот, завршува 21. издание на Битола отворен град.
Во текот на вчерашниот ден, за прв пат на фестивалот се организираше „Берза на винили“, десеттина излагачи им понудија на музичките познавачи и љубители на плочи, стотици плочи, избрани со рафиниран вкус и по цена за сечиј џеб.
Синоќа исто така како дел од фестивалот беше одржана промоција на монографијата „МИЗАР Откровенија 1981-2021″ од Тошо Филиповски каде присутните можеа да слушнат за музичкиот идентитет во своите 40 години постоење на оваа култна македонска група.