JFF 2026 Cover page

Битола вечерва ќе пулсира во ритамот на џезот со свеченото отворање на 9-тото издание на Jazz Factory Festival 2026 – Национална џез платформа, која веќе се етаблира како значаен културен двигател во земјава.

Деветтото издание на Jazz Factory Festival ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година, потврдувајќи ја својата позиција како единствена национална џез платформа во Македонија. Надминувајќи го класичниот фестивалски формат, Jazz Factory Festival прераснува во национално културно движење кое ги поврзува градовите, уметниците, институциите и публиката преку современиот џез израз.

Во време кога џезот и културата се соочуваат со бројни предизвици, овој фестивал претставува силен доказ дека посветеноста, квалитетот и заедничката визија можат да создадат вистинска вредност. Jazz Factory Festival не е само серија концерти – туку простор за поврзување на уметниците, публиката и заедницата, како и платформа за нови идеи, соработка и културна размена.

Свеченото отворање ќе се одржи денес (15 април) во Utopia – Битола, со следната програма:

  • 19:00 часот – Прес конференција JFF26
  • 20:00 часот – Промоција на книгата „Walking on Masochism“ од Иван Благојевиќ
  • 21:00 часот – Концерт на Hristijan Risteski Quartet

Годинава фестивалот ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, со учество на уметници од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата.та.

Jazz Factory Festival продолжува и во наредните денови со богата програма, носејќи нова енергија и современ звук во Битола. 🎷

Повеќе информации за фестивалот и начини за поддршка се достапни на: https://jff.mk/poddrzete-ne/

Фестивалско финале на летото во Будва: EXIT 2 Montenegro – Sea Dance Edition со светски ѕвезди и бесплатен влез
Шарлот де Вит, Хугел, Пеги Гу, Џон Њуман, Енрико Санџулиано и РПР Саундсистем го предводат големото фестивалско финале на летото, …
Преподобен Серафим Саровски: Болестите се јавуваат од 3 причини
Серафим Саровски е руски светец чија мудрост за животот, љубовта, духовноста и …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…