viber image 2026 04 25 13 28 46 346

По повод Денот на детето во Трабзон, Турција, беше отворена третата традиционална изложба на 65 слики од деца и млади ликовни уметници, како и талентирани учесници од 20 земји.

viber image 2026 04 25 13 30 07 286

Ликовната изложба, насловена „Децата на светот во Трабзон“, се одржа во рамките на „23 април – Ден на националниот суверенитет и Денот на детето“ во Турција – земја која прва во светот го прославува Денот на детето како национален празник.

Изложбата третата година по ред се реализира со поддршка како проект од национален интерес од Министерството за култура и туризам на Македонија. Организаторите ја спроведоа во соработка со Сојузот на комори на турски инженери и архитекти (TMMOB), Комората на архитекти – филијала Трабзон, како и со уметничкиот едукатор, професорот Вејсел Аџар. Поставката беше отворена за посетители во галерискиот простор на Комората во периодот од 20 до 28 април 2026 година.

Изложбата за отворена ја прогласи Славчо Неделковски, претседател на манифестацијата „Мал битолски Монмартр“, а поздравни обраќања имаа и градоначалникот на општина Трабзон – Ортахисар, Ахмет Каја, градоначалникот на град Трабзон, Ахмет Метин Генч, претставник од Комората на архитекти на Трабзон и професорот Вејсел Аџар.

„Оваа година имам чест по трет пат да ве поздравам со изложба на селектирани дела од 44. издание на светската детска ликовна колонија ‘Мал битолски Монмартр 2025’ во Трабзон и, како и секогаш, со нова креативна порака.

viber image 2026 04 25 13 30 07 411

Во година кога се одбележуваат речиси 60 години постоење на нашата организација, а пред нас е и јубилејното 45. издание на колонијата, сакам да истакнам дека Турција низ годините се позиционира високо на глобалната мапа на креативни и талентирани млади уметници. Токму затоа, нашата стручна жири-комисија предложи да поканиме не една, туку четири делегации од Турција – две од Трабзон и по една од Кајсери и Сакарја.

viber image 2026 04 25 13 30 07 712

Тоа е доволна причина денес да бидете горди на вашите млади ликовни уметници!“, истакна Неделковски.

viber image 2026 04 25 13 28 23 015

Професорот Вејсел Аџар, во име на Комората на архитекти на Трабзон, ѝ додели плакета-признание на претседателката на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, Елена Хаџи-Антоновска, за долгогодишната соработка (повеќе од 20 години) и успешната реализација на третата изложба во Трабзон.

viber image 2026 04 25 13 30 07 362

Во своето обраќање, Хаџи-Антоновска ја истакна значајната улога на професорот Аџар, кој веќе 22 години континуирано учествува на „Мал битолски Монмартр“. Годинава тој е добитник на високото признание – Орден за педагошки вредности во ликовната уметност кај децата, доделен по повод 45-годишнината на манифестацијата. Неговата ученичка, Зејнеп Бејза Алтунташ, е добитничка на наградата „Мал битолски Монмартр“ за ученици кои покажале исклучителен континуиран успех, со учество на колонијата во период од 5 до 10 години.

viber image 2026 04 25 13 33 35 044

Во оваа прилика, Неделковски и Хаџи-Антоновска потврдија дека за годинашното издание на колонијата веќе е пријавено и потврдено учеството на 20 делегации од 17 земји, односно над 160 учесници.

Како да се заштитиме од зависта и омразата на другите луѓе?
Зависта и омразата во последно време се проширија од секојдневниот живот на …
Што и да има душата, таа го пренесува
Дали кога се дружиме со човек кој има страсти, а не го …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…