tamara gruevska

Младата македонска музичка надеж, Тамара Грујеска под менторство на Тони Алексовски, со голем успех се враќа од фестивалот “GREECE`s HOPE” во Nafplio (Пелопонез) и освоени две награди – прво место и Гран При. Тони Алексовски за Читај бе ги сподели импресиите и големиот успех на Тамара:

„Среќни и задоволни се вративме од уште гостување надвор од границите на нашата држава! Заврши фестивалот “GREECE`s HOPE” во Nafplio (Пелопонез), ние сме веќе дома, полни со емоции, музика, љубов… среќни и радосни!

Учесници од Ерменија, Шведска, Молдавија, Литванија, Швајцарија, Естонија, Грција, Словенија, Казахстан, Романија, Латвија, Бугарија, Полска и други… и ние како единствени претставници на Македонија – нашата прекрасна гостиварчанка Тамара Грујеска, која настапи во категориите поп и рок вокал, освојувајќи го првото место во едната категорија и Гран При наградата во втората номинација на фестивалот и јас, Тони Алексовски, како член во многубројната жири комисија.

viber image 2024 09 30 19 25 52 950

Тамара ги освои симпатиите на учесниците и жирито и гордо ги подигна пехарите за освоените награди и признанија! Тамара беше претставник и учесник и на детската евровизија во Ница, Франција, а исто така веќе две години настапува на интернационалниот музички фестивал MUSICLAND настапувајќи на финалната гала претстава, придружувана од Камерниот оркестар на Битола.

MusicLand 24 15

Прекрасни мигови поминати на брегот на тиркизното море, денови исполнети со многу песни и нови пријателства, сонце, насмевки! Ветуваме дека ќе продолжиме со успешната работа и понатаму, откривајќи нови хоризонти, во освојување на уште многу награди и достојно претставување на нашата земја низ новите предизвици кои ги имате во нашата агенда!

Тамара, посакуваме уште многу пати да не направиш горди, како што ти знаеш и умееш! Одиме понатаму – со песна од срце! Со среќа!“

Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
Да нема забуна – не станавте себични, туку тешки за манипулирање
Потврдувањето на сопствените граници и одбивањето да се биде манипулиран честопати погрешно …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…