По повод Денот на учителот, 5 Октомври, Здружение на одделенски наставници – УЧИТЕЛ на РСМ и НУУБ„ Св. Климент Охридски“ – Битола потпишаа Меморандум за соработка со цел:

учител библиотека 6

• Заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата;

• Учество, соработка и реализација на заеднички проекти.

• Одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.

На настанот се обрати директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски, кој на присутните наставници и на сите останати им го честита Денот на учителот, 5 октомври, посакувајќи им плодна работа и понуди соработка со библиотеката предвидени во меморандумот.

учител библиотека 2

На заедничкото потпишување присуствуваа претседателот на здружението Наташа Тодоровска и дваесеттина наставници од основни училишта од Битола и околината кои се членови на Здружението на одделенски наставници на РСМ.

На средбата се дискутираше на тема – Професија над сите професии –УЧИТЕЛ !

Учителите презентираа активности кои ги реализираат со учениците на редовните и часовите за воннаставни активности. Дел од наставниците рецитираа поетски творби посветени на професијата УЧИТЕЛ.

Мотивациски говори за враќање на достоинството на наставникот преку согледување на неговата важна општествена улога која ја има.

учител библиотека 5

Нека им е честит 5 октомври – Денот на учителот!

meblo trejd kvaki
Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…