prorok daniil

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо.

Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец.

Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив.

Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен.

Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.

Водокрст, денот пред Богојавление
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос …
Значење на Богојавленската вода
Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.Богојавленската вода со години останува …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…