Sv. Doroteja

Доротеја беше угледна и прекрасна девица од Кесарија Кападокиска. Управникот на областа Саприкија им ја даде Доротеја на двете незнабожечки сестри Христина и Калиста за да ја одвратат од Христа. Но, се случи обратно – Доротеја успеа да ги обрати обете сестри во верата Христова. Налутен, Саприкиј нареди и ги врзаа овие две сестри со плеќите една за друга, па ги фрлија во каца со смола и ги запалија. Тогаш ја осудија на смрт и Доротеја. Таа радосно ја ислуша пресудата и возвикна: „Ти благодарам, душељубче Христе, што ме повикуваш во Твојот Рај и ме воведуваш во пресветите дворци Твои!“

152006183 1454734448191516 1950263876254346916 n

Некој присутен големец Теофил ѝ се насмеа на Доротеја за овие зборови и ѝ довикна: „Чуј, невесто Христова, испрати ми јаболки и цвеќе од шипинките од Рајот на твојот женик!“ „Навистина ќе ти испратам!“, му одговори маченичката. Кога Доротеја беше на губилиштето одеднаш се појави едно прекрасно момче со три чудесни јаболка и три црвени цвета од шипинки, а беше зима.

Тоа беше ангел Господов. Доротеја му рече на ангелот да му ги однесе на Теофил и да му рече: „Еве ти што бараше!“ Кога Теофил ја прими пораката и го виде дарот, сиот го обзеде страв. И сè се преврте во него, па тој, закоравен незнабожец, стана христијанин. Беше и мачен и убиен за Христа, а отиде со душата во Рајот на Господа Исус набрзо после светата Доротеја.

LOGO HOTEL MOLIKA
Животот станува поубав кога ќе престанеш да се докажуваш
Ќе дојдеш и ти во годините кога веќе нема да ти биде …
Со концерт на Ningbo Symphony Orchestra свечено отворено 56. издание на „Илинденски денови“ во Битола
Со концерт на светски познатиот Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, …
meblo trejd mialnici
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…