paris g659f639ae 1280

Секој пат кога луѓето зборуваат за романтични моменти, нивните срца се разнежнуваат, а сето тоа споено со романтични дестинации, предизвикува волшебни емоции. Има многу места и градови во светот каде владее романтична атмосфера, но тешко е да се каже точно зошто. Ова се најпознатите романтични дестинации во светот за заљубените парови кои сакаат да уживаат во природните и културните убавини на дестинациите.

Песочниот рај на земјата – Малдиви

Кога започнува приказната за најромантичните дестинации во светот, Малдивите за многумина се првата и главна асоцијација за романтика. Главните причини за тоа се следните – сонце, песочни плажи на кои не им се гледа крај, кристално чисто море, палми и лулашки кои се нишаат на топлиот ветер.

maldives g147217317 640

Изолирани од сè, речиси постојано осветлени од сонцето, Малдивите се вистински рај за романтичните души кои сакаат да избегаат и да бидат сами. Овде можете да шетате по плажите дење и ноќе држејќи се за раце или да ручате со нозете во мирното и тиркизно море. Доколку сакате, можете и да се држите за раце додека нуркате помеѓу шарени риби и живи корали.

Населениот дел на Малдивите е целосно подреден на туристите и уживањето. Најпопуларниот тип на сместување овде се бунгаловите опкружени со вода од сите страни. Значи, буквално можете да скокнете од кревет во морето. Најголем број луксузни хотели се наоѓаат во главниот град на Малдивите – Мале.

По пливањето, најдоброто нешто што можете да се почестите себеси и вашата сакана е масажата, проследена со вечера во подводен интернационален ресторан, што го прави совршена дестинација за меден месец.

За жал, Малдивите се најниската земја во светот и полека тоне во длабокиот океан.

Најромантичниот град на светот – Париз

Можеби звучи како клише, но Париз секогаш бил и ќе биде најромантичен град во светот.

eiffel tower gc699feff1 640

Париз е градот на светлината, виното, уметноста. Париз е град кој ги шармира туристите и зашеметува како најупорниот француски парфем. Париз е дама меѓу европските градови, префинета и достоинствена, мистериозна и привлечна.

Романтиката е во воздухот цело време, без разлика дали лежерно се шетате низ Монмартр, пиете шампањ во бистро или крстарите по Сена ноќе.

На врвот на листата на најромантичните, но и најскапите места во Париз е авенијата Елисеј. На второ место треба да се спомене пешачкиот мост на Сена, познат и како „мостот на љубовта“. Луѓето од целиот свет доаѓаат овде и оставаат „брава на љубовта“ на мостот. До мостот има и „ѕид на љубовта“. Зборот „Те сакам“ е испишан на ѕидот на 250 различни јазици.

Ако сакате да освоите нечие срце засекогаш, доволно е да му го фрлите Париз под нозе. Како ќе го направиш тоа? Доволно е да се искачите со неа до самиот врв на Ајфеловата кула додека сонцето полека заоѓа.

Без разлика дали одите во Париз со пријателите, семејството, момчето или девојката, нема да можете, а да не ја почувствувате романтичната атмосфера што ја зрачи овој град. Град во кој се испреплетуваат мирисите на најсвежите парфеми, најсвежите кроасани, најфините вина, градот на уметноста, културата, историјата и градот на љубовта нема да ве остават рамнодушни без разлика дали сте заљубени или не.

Најубавото зајдисонце во Европа – Санторини во Грција

Санторини долго време ја ужива репутацијата на еден од најромантичните острови во светот.

greece g4e0c44795 640

Кога се споменува Санторини, луѓето најмногу помислуваат на разгледници од островските градови Оја и Фира. На разгледниците има бели куќи над чии сини покриви сонцето заоѓа и тоне во Егејското Море. А токму хармонијата меѓу синото и белото придонесува за романтичната атмосфера.

Најлуксузните хотели се наоѓаат на најдобрите можни места и нудат неверојатен поглед на морето и околината. Сè во хотелите, од внатрешноста на спалната соба до базенот и спа центарот, е подредено на романтичните и љубовни души.

Вкусната локална кујна го задоволува и најразгаленото чувство за вкус. За романтична вечера се препорачуваат таверни на плажата Камари, на источната страна на Санторини.

Неизбежни се и плажите на Санторини. На прво место треба да се спомене плажата со црвен песок, која и го дала името Црвена плажа. Веројатно нема поромантична плажа на светот од онаа на која доминира бојата на љубовта. Недалеку од Црвена плажа се наоѓа плажата позната по финиот, бел песок – Влихада.

Бајковитиот Бруж во Белгија

Бруж (Bruges) е град во Белгија за чија бајковита и романтична атмосфера придонесуваат плоштадите, старомодните куќи и градините полни со цвеќиња, улиците со калдрма, и токму затоа е совршено место за романтичен викенд за двајца.

Бруж е вкрстен со канали над кои висат врби. Најромантичната активност овде е пловењето со брод, а најпопуларен тип на сместување се романтичните хотели со поглед на каналот.

Ако ви здосади пешачењето, можете да се повозите со кочија низ стариот дел на градот, кој е на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. А има ли поромантично возење од кочија? Сигурно не.

Симболот на Бриж е средновековната кула Белфорт која се наоѓа во центарот на градот, висока 83 метри. Борете се со 366-те скали и искачете се на врвот на кулата со вашиот сакан/а. Пред вас ќе се створи поглед кон еден од најбајковитите градови во светот – Бруж. Тој е еден од ретките градови во светот што луѓето сакаат да ги посетуваат во зима, бидејќи снегот ја додава романтичната атмосфера во градот.

Најромантичното снежно место – Сент Мориц во Швајцарија

Алпско-скијачкиот комплекс Сент Мориц во Швајцарија е совршена дестинација за романтични парови кои се вљубеници во снегот и снежните авантри. Сент Мориц е доказ дека местата под снег можат да бидат романтични и бајковити како плажите.

winter g9a4a68b98 640

Сент Мориц важи за најсончевиот швајцарски ски-центар и се наоѓа покрај езерото кое секоја зима замрзнува. Се разбира, можете да лизгате на мраз, но вистинската романтична опција е возење на санки во форма на кочија.

Дури и да не сакате скијање, доволно е да се искачите на највисокиот планински врв и да уживате во погледот на снежните врвови на Алпите и оџаците на малите швајцарски куќи.

Никаде повеќе нема да уживате во топло чоколадо како во некое од кафулињата во Сент Морис. И никаде повеќе нема да се стопите во друштво на саканата личност отколку пред каминот во некој од луксузните хотели.

328754711 694221678922435 8366294321430530931 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…