pedagoski 5 e1777999825283

Кога посветено и со ентузијазам се работи со студенти кои се желни за знаење и освојување на нови простори, резултатот е неминовен. Група студенти на Педагошкиот факултет од Битола, на групата Англиски јазик и книжевност, под менторство на проф. д-р Силвана Нешковска го преведоа на англиски јазик романот „Три Марии“ од македонската современа писателка Оливера Ќорвезировска. Преведениот роман беше промовиран на Педагошкиот факултет-Битола, во присуство на авторката Ќорвезировска и директорката на издаваштво – Бранка Бугариска од издавачот на романот Арс Ламина.

За студените Стефани Ралоска, Стефани Лингуровска, Михаела Апостолоска, Катерина Станојоска, Ивана Начоска, Надица Николоска – Филипоски и Мане Николоски преводот на „Три Марии“  е многу повеќе од академска задача, туку и можност да ја доближат македонската литература до пошироката публика и да согледаат колку книжевноста и преведувањето бараат љубов, внимание, посветеност и трпение. Одлуката да се избере токму овој годинава најнаградуван македонски роман студентите преведувачи ја објаснуваат: „Оваа книга нè привлече уште од првото читање со својата блискост, емоционалност и човечка искреност.

pedagoski 5 e1777999825283

Во неа препознавме теми што се универзални и секому блиски, а особено нам како млади луѓе пред кои стојат бројни животни одлуки и предизвици – а тоа се љубовта, односите меѓу луѓето, разочарувањето, личниот избор и внатрешните чувства што понекогаш остануваат докрај неискажани. Токму затоа изборот на романот „Три Марии“ за нас не беше само текст за превод, туку приказна што се доживува лично, приказна со која можевме интимно да се поврземе. Она што не привлече беше тоа што романот наместо едноставни одговори, поставува суштински прашања како на пример: ,,Колку сме подготвени да се жртвуваме за сопствената среќа и каде започнува и завршува верноста кон другите?”; ,,Kаде започнува и завршува верноста кон самите себе?.”

Авторката Ќорвезировска со емоции и благодарност, на промоцијата ја потврди својата возбуда и задоволство од фактот што група млади студенти, заедно со својата професорка одлучиле да го преведат нејзиниот роман, итоа пред тој да ги добие наградите и признанијата. Значи, станува збор за препознавање и воспоставување првична комуникација со текстот, од што секој автор би бил почестен – подвлече Ќорвезировска.

Инаку, ова е четврт ваков проект на Педагошки факултет, со тоа што проф. д-р Силвана Нешковска, нагласи дека станува збор втор  целосен превод на едно дело, по преводот на романот „Скршени крила“ од Милјана Павловска. Студентите го избрале романот веднаш по неговото објавување, кога тој  беше добитник на Рациновото признание за 2025 година, без да претпостават дека наскоро ќе освои и други престижни награди, меѓу кои „Стале Попов“ и „Роман на годината за 2025“, како и признанието „Автор на годината“ за авторката.

Во промоцијата на преведениот роман покрај Педагошкиот факултет, коорганизатор беше и Македонското научно друштво – Битола, кое континуирано поддржува активности насочени кон афирмација на книжевноста и домашните автори.

Што е полошо, човек да биде злобен или глупав?
Прашање за размислување меѓу четири ѕида. Имајте на ум дека човекот онаков …
Многумина ќе се обидат да ви ги скратат крилјата додека не гледате…
Многумина ќе се обидат да ви ги скратат крилјата додека не гледате, …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…