viber image 2024 09 22 10 29 41 781

„Мал зограф” светскиот натпревар во детско цртање кое го организира истоимената фондација со седиште во Софија – Република Бугарија во своето XI издание ги објави резултатите за наградените дела на младите ликовни уметници за 2О24 година.

„На светскиот натпревар за детско цртање „Мал зограф” учествуваме од неговото формирање пред 11 години. Оваа година на конкурсот пристигнаа над 8.000 детски ликовни творби на тема „природните убавини на мојата земја” од 64 земји за која учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола работеа цртежи низ кои ги претставија убавините на Охрид и Охридското езеро.

На конкурсот по селекцијата беше решено да се испратат 1О цртежи од нашите повозрасни членови и се покажа дека нивниот талент е одлично оценет и награден.

viber image 2024 09 22 10 29 31 534

Веќе сме пред 10-ти месец а учениците на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола освоиле 21О награди на светски детски конкурси во Франција – Романија – Бугарија – Индија – Русија – Јапонија – Чешка – Португалија – Полска – Турција – Словенија – Србија – Британија и Германија што е импозантен резултат ако се знае дека не чекаат резултати од уште седум конкурси на кои сме учествувале т.е. 3 месеци до крајот на календарската 2024 година.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

viber image 2024 09 22 10 29 31 486

Претседателката на Жири комисијата на „Мал зограф” професор Ана Бојаџиева истакна дека конкурсот оваа година бележи нови рекорди, а ја најави и традиционалната изложба во која наградените дела патуваат низ светот во текот на цела година.

„Нашиот успех е нескромно и повеќе од очекуван. Нашата ученичка Леа Стерјев е добитник на сребрен медал – освоено второ место во својата возрасна категорија додека Ана Полизовска е добитник на бронзен медал – освоено трето место во истата возрасна категорија како и Леа.

И тоа е прилично голем показател за квалитетот.

viber image 2024 09 22 10 29 41 851

Ученичката Јована Василевска пак е добитник на признание – Награда со посебни почести за својот уникатен ликовен пристап во творештвото.

Со ова бележиме и реализација на четири детски ликовни колонии на кои како Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола учествувавме во 2О24 година до сега а самото студио реализираше и четири изложби со најава за уште три до Нова година и изврши пет донации на свои 130 ликовни дела од светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” 2023 година.

viber image 2024 09 22 10 29 41 817

Во најава е и работна посета на вториот ко-претседател на меѓународниот Управен одбор на колонијата – професор Лидија Кусин во Кисељак – Босна и Херцеговина [ по посетата на професор Вејсел Аџар во Трабзон – Турција ] како Конкурсот за 43 издание на светската детска ликовна изложба “Битола 2О25” веќе е пратен на над 5.000 приватни и државни школи како и министерства за култура и образование на над 100 држави во светот.

Од 5-ти до 15-ти октомври 2024 година со ученичката Сирма Спиркоска пак патуваме на 25 издание на светската детска ликовна колонија во Евора – Португалија.” – истакна Славчо Неделковски од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…