km

„На музиката ѝ претстои исклучително значајна улога во животот на човекот и на универзумот, каква што денес едвај можеме да ја предвидиме“, истакнал своевремено композиторот на првата македонска опера, Кирил Македонски.

да да 16

Свеченото отворање на Спомен-собата во негова чест, во рамките на НУ „Завод и музеј“ – Битола, ќе се одржи со свечена академија на 23.12.2025 година (вторник), во 19:00 часот. Истата содржи ексклузивен материјал за композиторот,  бројни информации за животот и делото, обемна литература, како и оригинали и лични предмети, од кои дел оваа година семејството на великанот ги предаде на Музејот, институцијата која има посебно место во чувањето, заштитата и презентирањето на македонското културното наследство.

IMG 7943 1

Повеќе од 300 книги од семејната библиотека, 20 регистратори со ретки документи, 3 семејни фото албуми, опери, партитури, либрета, писма, оперети за деца, хорски дела, симфонии, филмска и драмска музика, детски песни, ретки списанија, плакати за настани, дипломи, награди, лични предмети, лични документи, се само мал дел од обемниот материјал.

илинден премиера

Настанот е еден дел од проектот
„100 години од раѓањето на Великанот Кирил Македонски“. НУ „Завод и музеј“- Битола со гордост го чува и клавирот на кој што Македонски ја компонираше првата македонска опера.

Да се потсетиме кој бил Кирил Македонски

Тој бил роден на 19.01.1925, во Битола. Човекот визионер, со многу напредни идеи за своето време, авторот на првата македонска опера „Гоце“ (1954), како и на оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). На подрачјето на оркестарската музика, значајно дело е симфониската поема „Танчарка“ (1952), како и петте симфонии. Паралелно со компонирањето, Македонски се занимава и со проблемите од областа на музичката психологија, посебно со музикотерапијата, постигнувајќи видни резултати на тој план и во меѓународни размери. Неговото творештво е огромно. Освен издадените дела, во оригинални ракописи постојат бројни партитури кои допрва ќе се откриваат.

Премиера оп.Гоце К.Македонски 1945 12

На свечената академија ќе се изведат арии од операта „Гоце“ и „Цар Самоил“, Хорски дела како и една праизведба на Суита за обоа и фагот.

Новинарските написи и фотографијата се дел од ексклузивниот материјал кој семејството на Македонски го отстапи на Битолскиот Завод и Музеј.

Доживеј ја убавината на Атина, шармот на Пелопонез и мистичноста на Метеори
Патувањето кон југот на Грција секогаш започнува со еден ист возбудлив трепет …
Детска магија, насмевки и аплаузи: „Пинокио“ го отвори фестивалот „Силјан Штркот“ во Прилеп
Една сцена, илјадници детски насмевки и прекрасна фестивалска атмосфера го одбележаа првиот …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…