woman 601568 1280

Како се чувствувате? Дали ви се допаѓа кафето што го пиете?

Не сакате кафе, сакате какао, и место шеќер, мед и рендан ѓумбир.

Вие сакате ама, ако тоа го порачате го нема на менито, а ќе ви забележат дека претерувате и од кафе-барот и тие што се одлучиле да ви прават друштво.

Обидете се да уживате во сопственото друштво, слушнете се себеси со внатрешен разговор меѓу вас, добра шолја какао со ѓумбир и простете му на конвенциите – квалитетни се само кога се рушат.

viber image 2023 12 12 09 25 13 218

Дали сакате да бидете воопшто таму каде што сте и што би промениле?

Знаете дека има луѓе, да, навистина, кои пошле да си ги остварат соништата, многумина пробале, малкумина успеале, поради нив се врти глобусов. Им замеруваме на децата дека не се послушни…и не треба да бидат, така само ја продолжуваме лозата на послушници, ја продолжуваме лозата на уверувања кои не се наши, кои сме ги стекнале по традиционален пат, најчесто од родителите  – кои нѐ воспитале за систем кој веќе не постои.

viber image 2023 12 12 09 26 46 014

Ако не знаете што да правите, ама навистина, ништо не правете. Сигурни сте за чекорот што го планирате или потклекнувате под нечиј притисок?

Луѓето умеат да бидат напорни, напорни. Сешто кажуваат.  Ветуваат, кажуваат големи зборови, најмногу не се за верување кога ќе кажат – засекогаш. Не им верувајте на луѓето кога ви ветуваат во елемент на радост, еуфорија. Сте виделе глуварчето како го оддувува ветерот – тоа се човечките ветувања, има исклучоци, ама тие не се од оваа планета и тие се луѓе кои не забораваат, ако ја зафркнете работата, нема да ви дадат втора можност.

Пушти нека пројде – сѐ на свое ќе си дојде. Дали сте биле присутни додека Сонцето се раѓа?

Пред да зазори, да се зарумени небесниот свод е темничиште, но полека се исцртуваат контурите на светот, треба на времето да му се даде време. Имајте го предвид ова, пченицата прво се сее, се погребува в земја во есен, семето ја презимува зимата и полека ја зеленее котлината, па го жнееме плодот, па го јадеме лебот. Така што пченицата е одлична симболика за смртта, нема смрт, но не ве убедувам.

viber image 2023 12 12 09 25 08 105

Не може да се седиме на два столa или да бидеме слуги на двајца господари. Кога-тогаш едниот ќе ни покаже црвен картон.

Што не е јасно. Не тече реката, водата се слева по речното корито, ко што ние протекуваме низ времето. Кога –тогаш ќе застанеме пред судот, во согласност со слободната волја имаме право на лево или десно. Потсетете се како вие сте одлучиле да живеете и дајте го својот максимум да сте на врвот на вашата човечка професионалност. Ако се прашувате што е правилно, осамете се, пребројте што жртвувате и дали вреди, пребројте што добивате и дали вреди.  На крајот, сите одговори се во вас, не ги барајте во другите луѓе, тие се само рефлексија (слично на протагонистите од филмот „Ние не сме ангели“) – немојте да брзате, секогаш ќе стигнете на време.

meblo trejd cesmi во crni
Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во БИТОЛА
Задоволство ни е да ви најавиме дека, по повод 10 години од …
Емоционално јадење – барање утеха во храната
Во денешно време, дебелината е многу чест проблем. Бројот на заболени од …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…