Здравството претставува еден од клучните столбови на државата. Обезбедувањето подобри услови во болницата со цел поквалитетна услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници се едни од приоритетите во работењето на Ротари заедницата. Со донации во здравствените установи и инвестиции во сите сегменти на здравството, може да се зборува за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за сите граѓани. Но, приоритетот за донации во здравството се наоѓа на врвот на листата и на Македонската амбасада во Виена, Австрија. Заедничката визија да се обезбедат подобри услови за пациентите во Битола и Ресен резултираше со донација на болнички кревети и перници.

donacija2

Македонската амбасада во Виена, Австрија во соработка со Ротари Клубот Битола и Ротари Клубот Битола Широк Сокак, заеднички реализираа донација на 50 болнички кревети за потребите на ЈЗУ Клиничка Болница Д-р Трифун Пановски- Битола и Здравствен дом- Ресен. Покрај, болничките кревети, донацијата вклучува и перници за Инфективното одделение COVID центарот во Клиничка болница Битола.

donacija1

Донација од ваков тип не е прва за битолската болница од страна на Ротари Клубовите. Бројните донации за битолската болница ја покажуваат посветеноста и грижата за здравјето на своите граѓани. Несомнено е дека ваквата практика ќе продолжи понатаму. Основниот мотив за овој тип на донација е подобрување на условите во битолската болница и унапредување на здравјето на пациентите.

donacija3

Соработката со Македонската амбасада во Виена, Австрија, соработката со Ротари Клубовите од Битола, уште еднаш го потврдува фактот дека соработката на членовите е во насока да се постигне целта, заедницата да стане подобро место за живеење. Ваквиот пристап го потврдува следењето на Ротари мисијата: “Service Above Self”.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…