sara kolumna kufer

Животот е краток, суров и полн со лекции кои мора да ги поминеме односно ретко кој ги сфаќа своите грешки како лекции, но ајде така да кажеме. На крајот на патот стоиме, но овој пат со торба полна со гревови и многу грешки, нема назад, има само уште една станица до крајната цел. Се прашуваме ‘Дали вреди сѐ што правиме кога сме на самиот крај?’ Поминаа повеќе од сто денови од трагедијата во Кочани, која сите не стави на една мисла каде погрешивме толку многу за да дојде до ваква црнина. Ние важиме за нација која верува во Бог, но тука клучното прашање е ‘Дали се плашиме од него?’

Ние сме дел од едно труло општество кое сами го создадовме, и некако како да се гордееме со ова безредие. Цело време се обвинуваме едни со други, бараме виновници без да сме свесни дека сите сме криви. Ви помина болката? Мене искрено да кажам ме боли уште повеќе, и нема да ми помине. Како поминува времето ќе ни стане сеедно, бидејќи времето не лечи ништо туку само не убедува дека мора да продолжиме напред, на нас остава дали ќе смениме нешто или ќе продолжиме да тапкаме во место.

Има една генерација која многу пати сум ја нарекла себична. Факт е дека таа генерација ја украде иднина на мојата генерација. Меѓутоа, што направивме ние? Се откажавме на самиот почеток, помирени со мислата дека нема ништо да се смени. Промената почнува од нас самите, ние сме креатори на иднината. Диктираме победи и порази, подеми и падови, сонцето грее исто за сите нас. Мора ли да бидеме толку злобни, полни со омраза и без визија за иднината?

Реалноста е таа, го плаќаме данокот на рати. Има една песна која Андреј ја испеа, а која за жал стана химна на животот и сите ние ќе ја носиме како товар во таа торба што ја спомнав претходно. Еден стих кој гласи: “Дигни глава нагоре, испи чаша за мене”, ја опишува нашата реалност, со малку отровна вистина. Која можеби еден ден ќе не освести, за сѐ што сме згрешиле, за да не го повториме.

На крајот остануваме ние – истите тие што молчат, што забораваат, мудруваат кога не треба, тие сме кои секојдневно го полниме својот товар со нов грев, уште една грешка. Но, колку и да се правиме глуви пред вистината, таа сепак ќе боли бидејќи е отровна. Овој систем не нѐ уби наеднаш сите, туку полека, на рати. И сѐ додека не почнеме од себе, сѐ додека не ја испразниме таа торба што ја носиме – од омраза, од вина, од молк – ќе останеме заглавени во истиот овој круг. Животот не чека, иднината не се подарува. Или ќе ја создадеме со чисти раце и отворено срце, или засекогаш ќе останеме заробени во сопствената сенка.

Зошто несреќните луѓе сакаат да ја уништат среќата на другите?
Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со луѓе кои, …
Природна детоксификација на организмот по празниците со овој утрински пијалок
По празничните денови исполнети со тешка храна, слатки и помалку движење, организмот …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…