Големо задоволство ни е да најавиме дека еден од најголемите хитмејкери од екс-југословенските простори — Бајага и неговите Инструктори — ова лето ќе одржат единствен, ексклузивен концерт во Македонија!
Настанот ќе се одржи во Битола, на Ракометното игралиште, на 27 јули, неколку дена пред Илинден, со почеток во 21:00 часот.
Концертите на Бајага и Инструктори се познати по неверојатна енергија и атмосфера, траат повеќе од два и пол часа и се вистинско музичко доживување, исполнето со легендарни хитови. Ова е настан што љубителите на квалитетна музика никако не смеат да го пропуштат!
Влезниците, во ограничен број, по цена од 900 денари се во продажба онлајн на avalonbooking.mk,
AРИЕС ТРАВЕЛ и сите ДИМПО тобака во Битола.

Патувањата се мелем за душата
Пишува: Сара Танаскоска Кога и да патувам некаде, дома се враќам со …
Карактеристики на реализирирана жена – според рускиот психолог Лабковски
Михаил Лабковски е руски психолог, писател, ТВ и радио презентер. Успеал да …









