Messenger creation 3CF065D2 61E5 4DC3 A260 C26151284E15

Македонското научно друштво – Битола на 23 април 2025 година го започна свеченото одбележување на 65-тиот роденден со одржување на прес-конференција за медиумите на која беше претставена работата на Друштвото, но и планираните 65 настани со кои ќе се одбележи оваа јубилејна година. Истиот ден во 19 ч. во Музеј и галерија „Ранко Струмениковски“ – Битола беше отворена изложбата на ликовни дела од 12 реномирани уметници, членови на МНД и тоа: Стојан Апчевски, Милица Василева, Димитар Димитровски Такец, Ставре Стадим Димитров, Илија Кочовски, Димитар Кочевски Мичо, Павле Кузмановски, Јордан Манасијески, Ранко Струмениковски, Симеон Силјановски, Панде Петровски, Борислав Траиковски.

1000006204

Модератор на настанот беше галеристот Драган Ристевски, а во подготовката на изложбата освен него учествуваа Тања Струмениковска-Ристевска и уметникот Панде Петровски.

1000006203

Претседателката на МНД, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска ѝ се обрати на публиката со истакнување на дел од историјата на Друштвото, а говореше и за естетската комуникација на релација автор – дело – реципиент, а потоа ги покани присутните да го погледнат каталогот со слики од изложените дела и автори во издаваштво на МНД.

1000006199

За подготовката на изложбата како и за работата на Одделението за уметност при МНД зборуваше ликовниот уметник Панде Петровски, а за естетиката на изложените дела – историчарот на уметност – Владо Ѓорески. Изложбата ќе биде отворена до 5 мај 2025 година.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…