rek singapur

Како генерација, наместо да откриваме топла вода или да градиме градови од 0, почнуваме онаму каде претходните генерации стигнале и ни оставиле во наследство.Но соочувајќи се со брзите климатски промени се јавува прашањето – што ќе им оставиме ние на следните генерации? Оваа „главоболка” на денешницата според научното објаснување е резултат на стакленичките гасови кои ја задржуваат топлината што Земјата ја емитира по апсорбирањето на сончевата светлина, па наместо оваа топлина да се ослободи во вселената, таа останува заробена во атмосферата, што предизвикува пораст на температурите, па имаме потопли зими, пожешки лета и екстремни временски услови, како што се суши и поплави. Знаеме каде е изворот на проблемот, но што правиме за да го решиме истиот?

Имајќи предвид што некој одамна се соочил со оваа „главоболка” нештата ги зел во свои раце и денес вешто се справува со проблемот и несебично врши десиминација со своите искуства кон секој кој има потреба од позитивни искуства. Сингапур – да, зборувам за островскиот град-држава во Југоисточна Азија. Кој се  наоѓа на јужниот дел на Малајскиот полуостров,островска земја составена од 63 острови, високоурбанизиран, и земја скоро половина покриена со зеленило, а копно создадено преку мелиорација.

6 1741499567034

Климатските промени и Сингапур се тема во оваа кратка сторија како резултат на посетата на вработена во Подружница РЕК Битола, м-р Наташа Поповска Одговорен инженер проектант, на курсот за  „Развој и мерење, известување и верификација на проекти за јаглеродот базиран во природата”, кој се одржа во периодот од 17.02 до 21.02.2025 година во Сингапур.организиран во рамките на програмата SCP (Singapore Cooperation Programme), управувана од Дирекцијата за техничка соработка на Министерството за надворешни работи на Сингапур, а предавањата реализирани во Националниот Универзитет на Сингапур – Центар за климатски решенија базирани на природата (NUS-CNCS).

1 1741499606782

Концептите и стратегиите кои можат да бидат искористени за развој на проекти базирани на природни решенија за справување со климатските промени биле фокусот на курсот. Природните решенија за климатски промени кои вклучуваат употреба на природните еко-системи, како што се шумите, влажните зони, земјоделските површини и морските еко-системи, за апсорпција на јаглерод диоксид и намалување на вкупниот глобален ефект на климатските промени.

2 1741499656383 e1741870597346

Според импресиите на Поповска видливоста на претходно потенцирани решенија најмногу се видливи преку Супердрвјата (Supertree Grove): Импресивни високи стебла кои се синтетизирани со технологија за да ги искористат обновливите извори на енергија и создаваат осветлување за време на ноќта. Flower Dome и Cloud Forest: Два огромни стакленици, каде што можете да разгледате растенија од различни климатски зони. Cloud Forest има замрзнат водопад и одење по патеки на висина. Gardens by the Bay природен парк кој е дом на импресивните Supertrees, високите структури во форма на дрвја кои помагаат да се собере сончевата енергија и да се прочистува воздухот. Supertrees (или „супер-дрвја”) се еден од највпечатливите и најиконските елементи на Gardens by the Bay во Сингапур, вештачки структури познати по својата иновативна архитектура и биофизичка функција, а истовремено претставуваат и симбол на природата и одржливиот развој. Supertrees се високи вертикални градини со структура во облик на дрво, кои се изградени од челични рамки и покриени со растенија. Тие имаат височина од 25 до 50 метри и се насадени со разновидни видови на растенија, (маховини, цвеќиња и други тропски растенија).

Овие вештачки „дрвја” не се само естетски интересни, туку и функционални во поглед на одржливоста и екологијата.Растенијата кои ги покриваат  се користат за одржување на ладовина, како и за апсорпција на CO2.Структурите се проектирани да се интегрираат со природата и истовремено да служат како био-генератори, се снабдуваат со енергија преку соларни панели сместени на врвот на дрвјата кои собираат сончева енергија која се користи за осветлување на дрвјата ноќе, како и за напојување на разни енергетски потреби во паркот. Внатре во рамките на секое од Supertrees има инсталиран систем за собирање и складирање на дождовница, која се користи за наводнување на растенијата и други потреби во паркот, што ги прави Supertrees дел од еколошкиот круг на Gardens by the Bay, исто така играат важна улога во контрола на микроклимата во Gardens by the Bay, создавајќи сенка, која помага да се намали температурата во паркот и да се создадат пријатни услови за посетителите. Секоја вечер, Supertrees се претвораат во еден од најзабавните делови на Gardens by the Bay со светлосно шоу. “Garden Rhapsody” шоу кое користи светло, звук и технологија за да ги претвори дрвјата во нешто магично, создавајќи неверојатно визуелно искуство.Создадени се со цел да покажат како технологијата и природата можат да се интегрираат и да функционираат заедно. Тие не се само уметнички инсталации, туку имаат важна улога во подобрувањето на животната средина на Сингапур. Овие структури помагаат во намалувањето на урбаното загревање и загадувањето, создавајќи поцелосен и одржлив градски амбиент.

Поповска истакна дека во текот на обучувањето, биле опфатени низа теми, вклучувајќи: наука и политика на пазарите на јаглерод, стандарди и методологии за мерење, проектен циклус, дизајнирање на ко-придобивки, ангажирање со засегнатите страни, финансирање на проекти, како и анализа на член 6 од Парискиот договор. Особено бил ставен акцент на важните аспекти за развојот на овие проекти, како и процедурите за мерење, известување и верификација (MRV), кои се клучни за осигурување на точност и доверливост на податоците за намалување на емисиите.

photo 2025 03 13 13 02 51

Се запознавме,  вели Наташа, со процесите на креирање, имплементација и мониторинг на проекти што може да се користат за трговија со кредити на јаглерод и ефективно придонесување кон глобалните климатски цели. Ова искуство беше исклучително важно за моето професионално усовршување, бидејќи овие концепти може да бидат применети во развојот на локални и национални стратегии за справување со климатските промени.

3 1741499543099

Природните решенија за климатски промени претставуваат одлична можност за нашата земја да ја подобри стратегијата за справување со климатските предизвици, додека истовремено создава економски и еколошки придобивки. Развивањето на проекти за намалување на јаглеродот, имплементацијата на MRV системи и подобрувањето на земјоделските практики, може да биде клуч за одржливо и ефективно справување со климатските промени.

Научете да ги читате луѓето – затоа што не секогаш ја говорат вистината
Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му …
Не го трошете животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа
Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…