monmartr naslovna

Организаторот на светската детска ликовна колонија по конкурс „Евора” во истоимениот град кој ќе биде европска престолнина на културата за 2О27 година во Португалија ги објави резултатите за јубилејните 25. Меѓународни средби на младинската уметност чија колонија оваа година ќе се реализира во првата половина од октомври 2024 година.

“Евора е секогаш предизвик. Колонијата оваа година бележи 25 годишнина од своето постоење кое професорката Теодолинда Паскоал го започна по консултации и одобрение на нашиот основач – ликовниот педагог Коста Хаџи-Антоновски и тоа е причина нашето учество да има двојно поголема тежина.

Оваа година имаме рекорден број награди од светската детска ликовна колонија која се реализира во Евора и е под покровителство на УНЕСКО а за која иако 23 години по ред од Министерството за култура на Македонија добивавме средства последните 2 и покрај огромните резултати [ сребрен и бронзен медал 2О22 и сребрен медал 2О23 ] стручните комисии не “наградија” со нула денари.” – истакна Славчо Неделковски претседател на управниот одбор на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

На светскиот ликовен конкурс Евора за 2024 година под темата “Морски свет” пристигнаа над 15.ООО детски ликовни цртежи од над 35 земји. Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола освен највисоката награда Покана за учество на колонија за ученичката Спиркоска Сирма [ 17 ] освои и златен медал – прво место во својата возрасна категорија за својата ученичка Стерјев Леа [ 16 ], 2 сребрени медали – втори места во својата возрасна категорија за учесниците Полизовска Ана [ 16 ] и Стефановска Бојана [ 14 ] како и шест високи награди за посебен ликовен пристап во творештвото кои се доделени на учениците: Спировска Ана Марија [ 12 ], Атанасовски Томислав [ 12 ], Јаневски Матеј [ 11 ], Мојсовска Јана [ 1O ], Петковски Луна [ 7 ] и Стефановска Михаела [ 7 ] додека 3О ученици на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола добија Признанија со почести за својот ликовен придонес во контекст на 25 годишниот јубилеј на светската детска ликовна колонија во Евора.

„40 награди за 44 детски ликовни дела за нас е 100% успешна реализација кон учеството и на конкурсот и на колонијата во Евора. Честитки на школите од Кина [ Хонг Конг ], Португарија и Србија за освоеното Гран При кое во некое време е она што искрено си го посакуваме како школо затоа што тоа е она што низ 25 години учество и останало неосвоено.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола по ова само ја потврдува одлуката дека за Евора се патува.

Организаторот воедно не покани и како почесни гости. Паскоал е еминентен професор и академски сликар која 2 наши колонии “Мал Битолски Монмартр” 2О23 и 2О24 година е претседател на Жири комисија.

Финансиите во 1ОО% се на организацијата, поточно тоа се лични средства на членови на раководството затоа што стоиме на ставот дека секој ученик треба лично да си ја подигне наградата или земе учество на колонија ако тоа веќе го заслужил а наше е да ја пронајдеме формата како тоа да се реализира. 56 годишна мисија по визија на нашето студио е тоа која нема да прекине. Просто е. Нема “не може” кога се децата во прашање.

Радоста и гордоста што по 25-ти пат во Евора ќе ги претставуваме Македонија – Битола и Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола се наши, а срамот за нула денари поддршка 2 години по ред е на сите.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска претседателка на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола и ќерка на ликовниот педагог професор Коста Хаџи-Антоновски основач на организацијата познат и како татко на организирана форма на оценка – проценка и нега на ликовниот талент кај младите ликовни уметници и талентирани ученици на светско ниво.

Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во БИТОЛА
Задоволство ни е да ви најавиме дека, по повод 10 години од …
Емоционално јадење – барање утеха во храната
Во денешно време, дебелината е многу чест проблем. Бројот на заболени од …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…