РЕК Битола и Хотелот Молика започнуваат постапка за повторно отворање на мензата во РЕК Битола. На денешниот работен состанок договрени се сите неопходни чекори што треба да бидат преземени со цел работниците во РЕК Битола повторно да имаат топол оброк.

рек битола

“ За нас, работниците се најважни. Тие го носат товарот на производството и заслужуваат квалитетни услови за работа. Топлиот оброк се враќа во РЕК Битола, мензата повторно ќе ги отвори вратите за над 2.200 вработени во комбинатот кои секој ден го даваат својот максимум во справувањето со енергетската криза во земјата. Вложуваме во нова механизација, нови автобуси, нов рудник, нова опрема…Инвестираме и во повторно отворање на мензата на задоволство на сите вработени во РЕК Битола”, рече директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.

рек битола 5
rek menza naslovna


Хотелот Молика, каде во моментов се подготвува ладниот оброк што го добиваат вработените во РЕК Битола, ќе биде носител на активностите поврзани со повторното отворање на мензата во комбинатот.
“ Потребни се скромни инвестиции во инфраструктурата на поранешните мензи во РЕК Битола за да може за кратко време вработените во комбинатот повторно да добиваат топол оброк. Со проектот што го имаме изработено, предвидено е исполнување на сите нутритивни предуслови за квалитетен оброк за работниците, преку имплементација на сите законски стандарди”, рече директорот на Хотел Молика, Никола Каровски.

рек битола 6


Проектот за повторно отворање на мензата во РЕК Битола предвидува можност за користење на услугите на овој објект и од страна на изведувачите на различни работни активности во комбинатот, особено во време на ремонти.

рек битола 3
рек битола 4 1
13 награди од УНЕСКО за учениците од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ – Битола и посебно признание за студиото
Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО, со седиште во …
Што ве прави посреќни: времето или парите?
Времето не е пари, како што сакаат некои да кажат. Времето е …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…