rek 11

Во рамки на својата долгогодишна традиција, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј денеска беше одбележан 28 Август, Денот на рударите. Членови на Управниот одбор на АД ЕСМ и заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ ја истакнаа непроценливата улога на рударите во одржувањето на стабилноста на македонскиот енергетски систем и испратија пораки за натамошно подобрување на условите за работа, поголема социјална сигурност и континуирано зголемување на стандардот на вработените.

„Кадрите од оваа, најтешка професија на светот, не се создаваат само со зборови – тие се создаваат со труд и посветеност“, подвлече Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, во своето обраќање до рударите во РЕК Битола.

„Веќе ги гледаме  позитивните сигнали во процесот на консолидација на АД ЕСМ. Новиот Колективен договор е потврда за нашата заложба за поголема социјална сигурност и подобри услови за вработените, преку директно покачување на платите уште од овој месец, како и скалест раст на примањата кој ќе надмине 10% во наредните 20 месеци. Исто така, веќе од августовската плата обезбедивме и поголемо вреднување на минатиот труд, што дополнително ќе влијае на порастот на платите. Сметам дека ова треба да го искористиме како мотив повеќе да продолжиме уште посилно, сложно и одлучно кон подобра иднина за компанијата, но и заеднички да отвориме можност за дополнително зголемување на платите и инвестициите во периодот што доаѓа“, рече Коњановски.

rek13

Заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослв Лабудовиќ, во своето обраќање ја истакна неопходноста од инвестиции во рударскиот сектор. „Рударството не е само традиција и пот – тоа е сериозна индустриска гранка и темел на македонскиот енергетски систем. Оваа гранка учествува со речиси 11% во нашето индустриско производство, а над 10.000 семејства во Македонија го вадат својот леб директно од рударскиот сектор.

Затоа, ако сакаме економски силна и енергетски независна држава, мораме да инвестираме во рудниците. Ни требаат високотехнолошки развиени копови, современа и механизирана опрема, побезбедни услови за работа и најстрога контрола за заштита на животната средина и рекултивација на земјиштето“, подвлече Лабудовиќ.

rek 14

Директорот на РЕК Битола, Иван Куковски, ја истакна  клучната улога на рударите во производствениот процес.

„Сериозниот пристап мора да ни биде примат – одговорноста на секој од нас е на прво место. Потребно е заеднички да креираме континуирано подобрување на условите за работа, но и посветено да се стремиме кон обезбедување на стабилна енергетска иднина, која најмногу зависи токму од нашите рудари“, истакна Куковски.

rek 15

Според директорот на ПЕ Рудници, Златко Шиниковски, главен приоритет во наредниот период останува навремената техничко-технолошка подготвеност на механизацијата и системите за транспорт на јаглен, како и ископот на јаловина и јаглен во целосна согласност со рударските проекти.

На 13 работници им беа доделени благодарници за особен придонес  за изминатата година.

Меѓу камен, фрески и векови: приказна за Водочки и Вељушки манастир
Водочки манастир – Манастир на тишината и древните фрески Водочкиот манастир, посветен …
Тест на личноста – она што прво го забележавте е причината поради која луѓето околу вас ве сметаат за чудни
Колку и да се грижите за своето однесување и какво ниво на …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…