crveniot fustan

Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор на благодарност. Оваа година нејзе ѝ припадна наградата за најдобра глумица.

Целата блескаше. Косата, долга до половината, големите зелени очи и широките колкови беа најженственото кое пулсираше во просторот. Машките погледи беа вперени во ѕвездата на вечерта.

Таа успешно кокетираше со сите, можеби несвесно, но беше во секој случај успешно, ги оставаше без здив, но ниту усните допираа нешто, ниту пак срцето. Сѐ се сведуваше на провокација.

Таа посебна вечер носеше долг, тесен, црвен фустан. Имаше мали гради, затоа деколтето секогаш го одбегнуваше, но имаше тело на риба, така ја нарекуваше еден човек со убаво лице. Затоа грбот секогаш ѝ беше убаво разголен, кадравата коса зафрлена на десната страна и Афродита умираше од љубомора.

Сите погледи беа вперени во нејзе. Таа само ги погледна, малку ги соголи забите, но нејзината насмевка беше повеќе иронија, отколку пријателска, но тоа не е воопшто важно во светот на гламурот и помпезноста. На црвениот тепих сите се пријатели и секој со секој споделува бакнежи и секој со секој се ракува, најважни се насловните страници на весниците. Цирконите на црвениот фустан блескаа под светлото на рефлекторот кое беше насочено кон нејзиното лице.

Одмереноста на нејзината личност повторно триумфираше, таа беше таа која господареше десет минути со пулсот на целата публика, и не им даваше да ги тргнат очите од неа. Успеа со својот милозвучен глас и уметнички – креирана појава да ги натера да ѝ јадат од рака ко секој пат – затоа и губеше интерес скоро кон секој маж кој ќе влеташе после претства во барот и ќез мерка ќе ѝ делеше комплименти, таа на тоа ќе му одговореше ‘благодарам’ и ќе продолжеше на својата маса.

Оваа вечер сите ѝ ракоплескаа. Таа беше најсјајната ѕвезада на театарското небо, како што многу кажуваа: мачка на вжештен покрив, питома личност која која шпоседува сензационален и раскошен талент, така пишуваа весниците. Сите погледи беа вперени во неа. За младите актери важеше за жива легенда. Уште еднаш сите ги погледна, се симна од сцената полека и се упати кон излезот од салата. Изненадувачки, никој не очекуваше дека веднаш ќе го напушти тој спектакулрен настан. – ,Каква ароганција’, – се зачу некој  глас од публиката.

Чекореше кон нејзината гремиорна соба. Желудникот ѝ се превртуваше – што ако е навистина таму – ко некогаш, ја чека да излезе од костимот и улогата и да водат љубов, па неретко се случуваше да свратат на по една во барот и така се прибираа дома в зори. Тој заминуваше на работа, таа одеше да спие до пладне, па се чекаа за да ручаат заедно…

Фото-репортерите трчаа по неа, но таа и понатаму ја задржуваше својата одмереност и успешно ги одбегнуваше. Одвај успеа да излезе надвор од театарот. Свежиот воздух ја удри директно во лицето, ладниот воздух ѝ ги насолзи очите. Чекореше сама по немата улица. Чудно, но немаше никој. Црвениот фустан се влечкаше по валканиот асфалт, косата веќе не ѝ стоеше на десната страна туку немирно ѝ се вееше. Маскарата ѝ течеше по лицето. Сиот гламур го остави зад себе и лажните насмевки ги сподели со публиката, сега единствено беше само таа. Само таа. Згазена од својата гордост, уништена од својата амбиција и лична најголема шега на Бог.

Повеќе ни бесна, ни лута, уморна се смееше додека црнилото од маскарата и понатаму ѝ течеше по лицето, солзите ѝ беа добредојдени, не ѝ даваа да ѝ се помрачи умот, но ниту пак ѝ го осветлуваа патот по кој одеше. Цел живот беше сама, само затоа што успешно ги тераше луѓето од себе, успешно ѝ слугуваше на уметноста под изговор дека единственото место на кое се чувствува жива и спретна е театарската сцена.  Не дека не беше тоа така, таа беше природно слободен човек, некого на кој е невозможно да му наметнеш нешто сосила – него го сакаше, на свој начин, многу и чудно…тој не можеше да ја издржи нејзината непостојаност и интензивност кога беше присутна – не можеше толку да ѝ даде, ниту да ја сопре, затоа што тоа беше таа.

 -„Без тебе и сиот свет да е мој, пак ќе бидам најосаменото суштество на светот. Зошто ме остави по ѓаволите?! Подлееец!“

Седна на тревата во паркот. Опкружена со темница и мир. Немаше никој, само таа ја кршеше тишината со нејзиниот плач.

Потпетиците ја стегаа, ги одврза и ги фрли таму некаде низ тревата. Црвениот фустан го расцепи за да може удобно да седне на тревата. Солзите непрекинато ѝ паѓаа. Болката што ја чувствуваше ја делеше на две. Од себе подалеку не можеше да погледне. Желудникот и циркулираше брзо и ѝ создаваше огромен притисок. Викаше ко луда.

-„ Јас те сакам, да ….знам, сигурна сум…мислев …дека…“

– „Не ме сакаш“- продорен машки глас се спушти до нејзиното уво. Таа одеднаш занеме, пребледе, целата се замрзна. Тој беше тука. Се наведна до неа и по обичај ја бакна на челото. Седна до неа на тревата. Таа го гледаше немо, уплашено, тажно, изненадено.

Можеби очите ја лажеа. Ги подигна рацете кон неговото лице и го галеше по образите. Рацете ѝ беа валкани од земјата што ја допираше.

– „Тоа си ти“, – долго и требаше да се убеди. Почна да се смее. – „Како ме најде?“

– „Будалетинке..ти си мојата малечка ти си мојата девојка, ајде станувај одиме дома“, – и ѝ ја подаде раката за да стане.

Се качија заедно во автомобилот. Таа не го симнуваше погледот од него, го држеше цврсто за рака внимателно го следеше секој негов гест.

Влегоа во нејзиниот стан. Таа веднаш го соблече црвениот, расцепен фустан и го фрли таму некаде во некој ќош. Пред него стоеше гола. Тој ја галеше по косата и повторно ја бакна во челото.

Истрча во бањата, ја симна сета кал од себе и натрупана шминка и повторно му се врати. Тој ја чекаше во ходникот. Ко од мајка родена, водата ѝ се цедеше од телото, таа му пријде и го бакнуваше по лицето, тој стоеше мирно, силно ја прегрна, ја крена в раце и ја однесе на спалната. Се соблече и легна до неа, така лежеа еден до друг прегрнати, голи, се додека сонот и обата не ги совлада.

***

Будилникот ѕвонеше во пет часот и триесет минути. Хана ко уплашена скокна од креветот. Тоа беше само сон, не смее да е реалност. Погледна до себе. Креветот беше празен. По ѓаволите, зарем него мораше да го сонува, човекот кој ѝ го уништи животот, не, не ѝ го уништи, само ја научи како треба да се постапува со слаткоречивите и лажливите комплименти. Кога некои луѓе ќе си заминат од нашиот живот можеме да чувстуваме само едно од двете, или празнина или повеќе простор во кој ќе уживаме. Хана беше потполно слободна, затоа што единствено вистината како вредност остава празнина, а бидејќи тука немаше никаква вистина, таа имаше сѐ што и треба за да биде среќна, самотијата во нејзиниот живот беше единствениот лек кој можеше да ѝ помогне да си се врати на себеси, да се потсети која е навистина. Жена која умее да сака и да се радува.

Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
jk leto 2025 hotel

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Колку сме толку сме токму сме – 94 години од раѓањето на Гане Тодоровски

Гане Тодоровски  (1929 -2010)  од современ, денешен книжевен аспект може да се…