sara kocani

Пишува: Сара Танаскоска

Извини Панчо, ние сме труло општество кое не знае за подобро. Ангели, извинете сите! Со надеж дека еден ден ќе научиме дека малку емпатија не е зло, дека животот нема реприза и дека кармата спие ама до одреден момент. Одекна веста дека пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани зеде уште еден живот…тогаш колективно сфативме колку боли, и за жал ќе боли уште многу.

Ова беше само еден лош миг кога повторно сфатив дека сме полни со злоба, момент кога ме натера да се соочам со фактот колку сме отровни и гневни во исто време. Одиме со кренати глави, критикуваме се што е различно и полно со елан за нешто ново. Ние сме сржта на лошото.  Тоа е реалноста.

Кога животот ќе ти удри шлаканица и ќе те врати во реалноста сфаќаш дека промените боли вистината. Сите знаеме кој „замижал“ за дозвола, сите знаеме некој што „само си ја вршел работата“, додека некој друг изгуби сè. Тоа не е случајност. Тоа е шема. Тоа е наша вина бидејќи потајно сите знаеме за некои недостатоци во општеството и молчиме. Тој молк не чини многу, плаќаме скап данок итоа на ситни рати. За нас велат дека сме пиреј, колку и да не корнеш не може да не сотре ништо, ама полека ја сотре сета емпатија и желба за подобро утре. Се претворивме во „фејсбук“ статус нација, забораваме после три објави дека трагедијата која се случила е резултат на нечија грешка, односно колективна грешка.

Македонија во својата понова историја се сеќава на многу трагедии, тука две работи се јасни: прво се крвави и второ болат како забиен нож во грб. Како поминува времето ни ставува сеедно дека животот е само наша креација, односно е збир на нашите одлуки во одреден момент и последиците од истите во друг момент. Ние три децении носиме лоши одлуки тоа е јасно како охридски бисер.

Панчо и Андреј се моето цело детство, мојата надеж која за жал згасна. Ни покажаа што значи храброст, емпатија, човечност нешто што недостига во овој темен свет. А што направивме ние?  Им возвративме со злобни препукувања на „Фејсбук“ и молк во институциите. Ете тука е труло.

Не чекам револуција. Само чекам денот кога нема да се срамам што сум дел од оваа приказна. Денот кога ќе престанеме да дозволуваме, да забораваме, да молчиме, моментот кога ќе научиме да бидеме луѓе. И мора да се помириме со фактот дека трагедијата во „Пулс“ не е несреќен случај, туку системска грешка која ние сите ја дозволивме. Ако ништо друго, барем да не заборавиме. Зашто заборавот е второто убиство.

Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …
Приказната на Љубљана – градот на мостовите и утринска магла
Пишува: Сара Танаскоска Секое утро во Љубљана е со ист ритам. Сончевата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…