nesat 1

На денот кога ќе полнеше 50 години, беше објавена неговата книга. Книга полна со „Нешадизми“ кои силно одекнуваат кај сите кои го познаваа, кај сите на кои им помогнал додека беше жив. Тој и сега им помага, иако е во некоја друга димензија…им помага со советите и мудростите кои се врежани во срцата на неговото семејство, пријателите, соработниците…

Во Зоолошката градина во Битола беше промовирана „Мисловни патеки“ од големиот хуманист, екологист и пред се визионер – Нешат Аземовски. Беше промовирана во зоолошката за која толку многу се залагаше и вложуваше.

Иако неговиот спомен нема да избледне, сепак, со издавањето на оваа книга неговото семејство, Фатма, Леона и Даријан ќе го смести во оние кои никогаш не се забораваат и вечно живеат во другите и преку нивните дела.

Емоции, сеќавања кај сите оние кои беа присутни на промоцијата. Се прочитаа неговите „Нешадизми“, а 5 бели балони во чест на неговиот роденден се пратија горе кон небото…а таму, меѓу ѕвездите е тој, како што му вети на неговата ќерка.

Читајќи ги своите емоции напишани на лист хартија, Леона ја опиша љубовта меѓу ќерката и таткото, за нејзиниот дел од срцето кој секогаш ќе биде посветен на нејзиниот татко, за празната столица, за неговото отсуство од нејзиниот живот…

Но, затоа, тука е неговиот спомен, кој го чуваат тие, неговото семејство и пријателите, за човекот кој својата мудрост ја расејуваше насекаде, безрезевно, за од неа силно да одекнат добрите дела и хуманиот дух.

meblo trejd racki
jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…