lil promocija kniga

„Најтешка самовилска казна беше, кршење на крилјата. Таа казна се изрекуваше за онаа самовила која ќе му помогне и ќе заштити човечко суштество кое е осудено од самовилите за нарушувањето на нивниот простор и слобода.“

Книжарницата Book’s House во Битола на 16 декември ќе го прослави вториот роденден од започнувањето со книжарската и хумана дејност, по тој повод во сабота од 12 до 22 часот во книжарницата ќе има роденденска програма за сите возрасти, и можност да им помогнеме на луѓето на кои им сме најпотребни.

Роденденската забава започнува во 12 часот, со промоција на книгата „Самовилата со скршени крилја“ од Лили Бошевска. Промотор на книгата е Биљана Т. Димко, а делови од книгата ќе интерпретира Веда Мавровска.  Рецензијата на книгата ја потпиша писателот Добре Тодоровски, авторот на „Касијана“.

                Книгата излезе од печат 2021 година.  Зошто сега промоција?

Затоа што никогаш не е доцна да се промовира одлично четиво, како што стои во насловот – елегантен и слоевит наратив или едноставност во изразот која ја допира длабочината на секоја душа која си го бара идентитетот по светот.  Во 110 страници е  раскажан животот, или вечната борба меѓу темната и светлата страна на постоењето, кои доколку би ги немало, нема да може воопшто да се забележи  убавината на божествената моќ, светлината на Сонцето, топлината на љубовта, бистрината на водата.

viber image 2023 12 14 08 58 47 909

Бошевска е скромен автор, нема да ја чуете да се пофали дека напишал нешто ново, но во нејзиниот збор преовладува висока фреквенција, и тоа воопшто не е чудно, ако се земе предвид дека таа е прво научник, па писател, поет – повеќе на промоцијата.

Читајте македонски автори. Се гледаме на промоција и на роденден!

meblo trejd kupatilo
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…