1000009906

Струмица в петок ќе биде домаќин на традиционалното советување „Библиотеката – темел на писменоста“ и свеченото доделување на признанијата за најдобрите библиотекари за 2025/2026 година. Настанот ќе се одржи на 5 јуни во 11:30 часот во големата сала на Домот на АРМ во Струмица, во организација на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ од Струмица и „Просветно дело“ од Скопје, со поддршка на Општина Струмица и повеќе образовни и професионални институции.

Во рамките на настанот ќе бидат врачени признанијата „Павлина Цунева Маказлиева“ за библиотекари на годината. Добитници за 2025/2026 година се Милчо Јованоски, виш библиотекар во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, во категоријата јавни библиотеки, и Ленче Славковска, училишен библиотекар во ООУ „Наум Наумовски-Борче“ од Скопје, во категоријата училишни библиотеки.

Благодарници за особен придонес во библиотекарството ќе им бидат доделени и на библиотекарките Моника Талеска, Елена Станкоска, Ѓултен Ајрули, Славица Тодорова и Дијана Петкова.

1000009907

Советувањето годинава ќе се одржи на тема „Библиотеката – темел на писменоста“, со акцент на предизвиците што ги носи современото време преку подтемата „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“.Настанот се организира по повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и 10 Јуни – Меѓународниот ден на почетокот на летните читачки кампањи, а во рамките на одбележувањето на осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца и првиот буквар на стандарден македонски јазик.

Советувањето е наменето за директори на основни и средни училишта, градинки и библиотеки, воспитувачи, наставници, стручни соработници и библиотекари од јавните, локалните и училишните библиотеки. Целта е заедничко вмрежување и дејствување во насока на развивање на читачките навики кај децата и младите, промовирање на писменоста, јавното говорење и книжевноста за деца.

По Скопје, Охрид и Штип, караванот на советувања продолжува во Струмица, со посебен акцент на значењето на библиотеките и библиотекарите како чувари и промотори на пишаниот збор и културата на читање.

5 причини да јадете смокви: Богати со влакна и антиоксиданси
Смоквите се плод на дрвото фикус, кое е дел од семејството на …
Не ги прашувај луѓето колку те почитуваат – тоа се гледа на нив
Не мораш да ги прашуваш луѓето колку те почитуваат – тоа се …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…