Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ од Битола и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето и 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите организираа предавање на тема „Болести на тироидната жлезда“.
Предавањето го одржа прим. д-р Никола Костурски.

277799626 10158531748280887 4991310994374123328 n


Почитуваниот доктор Костуриски зборуваше за болести на тироидната болест, начин на лекување, исхрана и превенција.
Инаку штитната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во човековиот организам и таа е животно важна. Сместена е во пределот на гркланот и од тие причини доколку видно е зголемена може да биде видлива и во тој случај зборуваме за гушавост или велиме дека пациентот има гуша. Штитната жлезда е мал орган, кој се состои од два дела или, ги нарекуваме, два лобуса, два резена кои се поврзани со еден централен, средишен дел. Нејзината е улога е во регулирање на метаболизмот, односно материите во организмот. Тоа значи дека без неа не може да се одвива прометот на материите во организмот, односно клетките не би можеле да работат правилно и да се снабдуваат со храна, односно не можат да ја регулираат енергијата која се ослободува со цел за да може да се обавуваат функциите во организмот, почнувајќи од мозочните функции, срцевата, функцијата на нервниот систем и на се друго во организмот.

277792313 10158531748200887 8785414411507215727 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…