На ден 25.03.2022 година, на зоом платформата се одржа предавање на тема „Женско здравје“, предавач беше д-р Владко Ѓорѓиевски – специјалист гинеколог и акушер.

Предавањето го организираа НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Целта на предавањето беше да се подигне свеста за женското здравје. Потребни се бројни отворени дискусии и зборувања во име на жените, на јазик близок за секоја жена независно од нејзиното образование и писменост.

Здравјето на човекот е од непроценлива важност и главен предуслов за квалитетен живот од секаков аспект.
Женското здравје претставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба на жените, која истовремено е детерминирана од нивниот општествен и економски статус, како и од нивните биолошки карактеристики.

Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и приватниот живот.
Докторот Ѓорѓиевски зборуваше за важноста на прегледите, на колку време треба секоја жена да посети гинеколог, мерки на заштита од несакана бременост и преносливи болести, ехо прегледи и пап тестови итн.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…