Марија Станојоска е студент на Унивиерзитетот ,,Овидиус” од Констанца, Романија. Таа своите први чекори во музиката ги направи уште како ученичка во средното Државно Музичко училиште од Битола. За неа Битола претставува музеј на културата, градот кој засекогаш ќе го носи во срцето и местото кое беше пресудно за развитокот на нејзината кариера. Марија е пијанистка која и покрај големите предизвици успеа да ги освои странските простори и пред се покажа дека со амбициозност и голема доза на мотивација, успехот секогаш е загарантиран.

e549e775 0b39 4be9 871a f581dac0ff06
Читај бе: Марија, кажи ни нешто повеќе за тебе, за твојот живот и твоето секојдневие?
Марија: Потекнувам од Кичево, град со музичка душа. Поради недостаток на нижо музичко училиште во мојот град, првите професионални чекори ги имав во Државно Музичко училиште-Битола. Горда сум што имав шанса да се школувам и живеам во град како што е Битола. Според мене средношколските денови се „виновни” за созадавањето на ова што сум денес, годините кога од „малолетник” преминуваш во „возрасен”, годините кога од “табула раса” преминуваш во „интелектуалец”. Зборувам со носталгија мислејќи на секој еден поединец кој што го запознав во средношколските денови во Битола. Тешко ми е да бирам, но без моите професори не би била ова што сум денес.

65161407 f4ce 4f4d 88bb 4f87e43a6eb4
Читај бе: Си се сретнала со нов јазик, нова култура, нов менталитет, затоа опиши ни на кратко какво е чувството да се биде странец во една нова средина, кои се позитивни, а кои негативни страни на ваквиот живот?
Mарија: Јазиците не се моја најдобра страна, но романскиот го научив брзо и лесно, затоа што секогаш до мене ја имав подршката од моите колеги на факултет, кои ми помагаа секојдневно. Можам да кажам дека сум борец за „слобода”. Одлучив да живеам во поголема држава која ми нуди целосна слобода на изразување и тука можам секогаш да бидам своја. Романија ми донесе многубројни успеси и позитивни настани како во животот, така и во музиката. Како уметник често се сретнував со излив на креативност која сакам да ја пренесам на различни начини, а интересен е фактот што од страна на поединци понекогаш сум била нарекувана „невообичаена или чудна”, најчесто поради фактот што имам невообичаен стил на облекување. Сепак, и покрај се, нашиот дом е онаму каде што се нашите најблиски, така што тука секогаш ке бидам „странец”, но странец кој ужива во она што го прави, секако со огромна поддршка која доаѓа и од страна на мојата фамилија во Македонија.

f4c1898e 440c 4fde 93b9 c7ff98c3bce61
Читај бе: Затоа што зборуваме за земја во која си успеала без никаква помош, си имала ли моменти на несигурност или страв од помислата дека нема да бидеш прифатена од популацијата во Романија?
Марија: Секако дека сум имала моменти на страв што се однесува до системот и целата функција на работите во новата околина, но никогаш од романската популација. Во мојата глава не постои зборот ,,стоп”. Бев многу мала кога во една книга прочитав „Упорноста секогаш победува” , тогаш не ја разбрав целосната смисла на реченицата, но откако ги „победив” сите бариери на патот, сфатив што точно сакал да каже авторот. Се сметам себе си за борец и секогаш одам до крај, па така научив дека она што навидум ни изгледа невозможно со малку труд станува возможно. Ќе изгледа малку не реално ако кажам дека е сјајно да бидеш странец и да се пробиеш сам во друга земја, но се сѐ постигнува доколку знаеме што точно посакуваме.
Читај бе: Кажи ни нешто повеќе за концертите на кои си зела учество, наградите кои си ги освојувала?
Марија: Мојата професија најдобро се изразува на сцена. Ние како уметници го искажуваме тоа што најмногу го знаеме на сцената. Ме импресионира диригирањето, така што значаен настан за мене беше мојот прв концерт како „Диригент” во театарот во Констанца. Настанот од една страна за мене преставуваше голем предизвик, додека од друга страна голема одговорност. Ми годеше да го слушнам моето име на големата сцена како и сите убави честитки. Друг значаен момент е натпреварот на кој конкуриравме јас и моите колеги, секако со мој аранжман, на македонската народна песна „Јано, јано” и освоивме прво место. За нив беше доста тешко да ги изговорат некои делови од текстот напишан на мекдонски јазик, но со труд направиме нешто кое ќе се памети. Откако станав професорка по пијано, ги подготвувам моите ученици за натпреварите по музика и тоа навистина ме прави горда, сепак децата се наше огледало.

8577a96f 2a92 46d6 be11 f2fdc04c3b921
Читај бе:  Како професорка по пијано на младата популација, можеш ли да ни опишеш како се одвива работата со децата кои ги посетуваат твоите часови по пијано?
Марија: Како професор по пијано започнав да работам од мојата 21 година. Веднаш штом завршив прва година на факултет ја добив понудата за работа. Беше еден голем предизвик за мене затоа што не сакав да го запоставам факултетот. Чувствував несигурност и страв бидеќи да едуцираш еден студент не значи само да го научиш за музичките вредности и клавишите на пијаното, туку истовремено значи да бидеш добар психолог, родител и идол. Станува збро за широк обсег на карактери. Започнав со 3 ученици, а во моментот ги имам 40. Низ моите раце поминуваат деца од три годишна возраст па се до возрасни личности на 56 годишна возраст. Исто така значајно е да наведам дека стекнав искуство плус при соработката со деца кои боледуваат од аутизам и “ADHD”. Пред краток период основав и детски хор. Работам напорно на моите соништа и според мене почетокот е најважен во се што правиме.
Читај бе: За крај би сакала да те прашам, која е твојата порака кон младите лица во Македонија и што се би им посакала?
Марија: На младите во мојата Македонија би им посакала да се упорни во она што го прават, да чекорат со кренати глави и да се борат за она што го сакаат. Не постои „не можам” – постои „не сакам”. Не дозволувајте никогаш да бидете жртви на несоодветниот систем, не дозволувајте изговорите да ве оддалечат од замислената цел и запомнете дека промената за подобро утре започнува од вас.

Подготви: Сара Трајчевска

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…