На 25.11.2022 во соработка со Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“- Битола се одржа „Предавање за дијабетесот и мерење на шеќер во крвта“. За таа цел беа присутни докторката Ангелина Велјановска и сестрата Весна Стоименова. Докторката на почетокот одржа кратко предавање за дијабетесот, а потоа се запозна со здравствената состојба на секој од присутните.

romi naslovna

На крајот, им го измери шеќерот и им даде совети за негово регулирање, притоа упатувајќи ги сите присутни да се консултираат со нивниот матичен лекар. Учесниците беа многу задоволни од учтивоста и пристапот на здравствените работници, како и од добиените информации и услуги. Здравствениот медијатор, Мелиса Комина, исто така изврши контролно мерење на нивото на шеќер во крвта на дел од учесниците кои ог посакаа тоа.

„Изразуваме голема благодарност до докторката Ангелина Велјановска и сестрата Весна Стоименова за соработката. Активноста е поврзана со специфичната цел 1.1 од Здравствениот локален акциски план за Роми кој е веќе усвоен од Општина Битола“, велат од Ромскиот здравствен образовен центар Битола.

Никогаш нема да вредите за луѓето кои НЕ МОЖАТ да прават што сакаат со вас
Во животот често среќаваме луѓе кои не нè прифаќаат такви какви што …
Способностите на духовно освестените личности
Сте забележале ли колку е тешко да предизвикате личност која е духовно …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…