Повторно се враќа трендот на шиење уникатни фустани за матурските прослави, вели Вера Попчановска, сопственик на занаетчиски дуќан за шиење и кројачки услуги во Битола. Имало интерес кај младите, а како што се наближуваат матурските прослави, веќе се прават плановите за креацијата со која ќе блеснат на матурската ноќ. Вера смета дека повторно треба да се врати тој тренд на шиење матурски фустани, младите да создаваат сопствени креации, по сопствен вкус.

Вера Попчановска

„Да се врати идејата на младите да создаваат сопствени креации, да прават индивидуални фустани, здолништа. Сега се ближат матурските, да не бидат сите во исти тоалети – направете нешто индивидуално, побарајте било кој шнајдер. За жал пандемијата си го направи своето, но сега повторно има интерес и порачуваат фустани за матури. Имаат различни идеи и ми се допаѓа што се враќа стилот на претходните модели од пред 20-тина години. Се прават комбинации на модерното и традиционалното, има нови материјали кои можат да се искористат и може да се дојде до многу убави модели“, вели Вера.

Вера Попчановска

Во меѓувреме, пандемијата ги погоди многу кројачките дуќани. Со шиење на маски, а сега и со платнените торби се вадеше некој денар, иако со минимална заработувачка, вели Вера. Битолчани досега немаа многу навика да употребуваат торби од материјали, но одлуката за забрана на пластичните кеси, ја разбуди креативноста во нив. Побарувачката се зголеми, а се позаинтересирани се и младите.

„Младите имаат побарувања, имаат идеи, бараат еднобојни и печатат на нив различни лога. Ги користат како чанти, се прави некоја навика. Најчесто повеќе другарки повеќе доаѓаат и си порачуваат“, вели Вера.

Како занаетчии апелираат да се употребуваат што повеќе торби од природни материјали со цел да се заштити околината.

Кројачки дуќани

    Фестивалско финале на летото во Будва: EXIT 2 Montenegro – Sea Dance Edition со светски ѕвезди и бесплатен влез
    Шарлот де Вит, Хугел, Пеги Гу, Џон Њуман, Енрико Санџулиано и РПР Саундсистем го предводат големото фестивалско финале на летото, …
    Преподобен Серафим Саровски: Болестите се јавуваат од 3 причини
    Серафим Саровски е руски светец чија мудрост за животот, љубовта, духовноста и …
    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…