Тримесечно бебе ќе биде најмладиот гостин на годинешното издание на 41-издание на Меѓународниот фестивал „Мал битолски Монмартр“ во Битола.

viber image 2022 05 20 11 23 13 683

-Тоа е дете на еден педагог од Тирана, Албанија, па му направивме маичка и рекламен материјал за кога ќе пристигне, вели Елена Хаџи Антоновска од Малиот битолски монмартр.

д

Фестивалот започнува на 23 мај, кога ќе биде отворена и јубилејната Светска ликовна изложба „Битола 2022“, а ќе трае до 30 мај кога ќе бидат доделени наградите и прогласување на најдобрите дела.

-По две години за прв пат ќе имаме деца учесници на Малиот битолски монмартр, правевме пауза заради ковид пандемијата, минатата година го загубивме и нашиот основач на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, ликовниот педагог, Коста Хаџи – Антоновски. Она што е битно е што и покрај турбулентните времиња на светско ниво ние имаме 85 гости од 14 држави со 16 училишта. За жал нема да бидат присутни од евроазиските земји каде короната има сосема друг тек и претствниците од Руската федерација кои поради политичките случувања и војната не се во можност да дојдат, рече Славчо Неделковски од Малиот битолски монмартр.

MVI 2679.MOV.00 01 33 00.Still001

-Оваа година на конкурсот беа пристигнати 22.500 ликовни творби, а меѓународното стручно жири одбра 777 најуспешни творби и ја додели Гран при наградата за ателјето Вејсел Аџар од Трабзон Турција, како и 3 специјални награди за училишта од Словенија, Романија и Унгарија. 7 дена ќе трае фестивалот, еден ден во Охрид, а на 25 мај ќе бидат во селото Буково каде ќе ја сликаат арихитектурата, вели Елена.

MVI 2680.MOV.00 00 29 23.Still001

Малиот битолски Монмартр е поддржан од Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Општина Битола, приватни компании и долгогодишните соработници.

meblo trejd cetki
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…