Во рамките на Младинското првенство на Македонија во четвтрфиналето, во првиот натпревар, Пелистер Волеј ги победи Јанта Волеј Форца со 0:3 (24:26; 23:25; 18:25)

Денес победивме во еден навистина тежок и исцрпувачки натпревар во кој за противник ја имавме пред себе одличната екипа на Јанта Волеј Форца, која покажа и докажа дека овој двомеч е далеку од готов и дека во Битола не очекува пеколен натпревар за секој поен, без при тоа да се залажуваме од резултатот кој личи како веќе сѐ да е завршено.Убава игра на двете страни, на моменти доста стресно, но кога се игра бараж натпревар, речиси и невозможно е да биди поинаку, дотолку повеќе кога се работи за две екипи од две квалитетни школи кои имаат високи амбиции.Им честитаме на нашите девојки за победата, во која дадоа сѐ од себе, особено кога имавме негатива во вториот сет во кој со голема умешност ја надминавме резултатската криза.Секако дека ова не е максималното ниво и секогаш можи уште подобро, за што и понатаму напорно ќе работиме.Денес во играта повторно функционираше блокот кој ни донесе значителна предност, а поените ги освоија:Ева Трпеновска 16Меланија Каралиоска 8Стефани Најдановска 5Анастасија Ристевска 4Емилија Бицевска 3Василиче Наумоска 2Михаела Цветановска 1,

рекоа од ОК Пелистер Волеј.

пелистер волеј

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…