marija t

Во одредени држави, талентираните пишувачи на проза и поезија може да се насочат кон пишувањето, да се посветат целосно на тоа заедно со цел тим професионалци до себе кои ги водат низ секоја напишана страница. И како што е нормално, барем како што би требало да е нормално, тоа си го сметаат за професија и тоа многу добро платена. Значи, да се разбереме, не е бајка, вo Норвешка, Франција, Америка, Англија итн., писателите и поетите земаат многу солидна плата за да пишуваат, а замислете по професија се само писатели\поети. Да, луѓе мили и тоа постои, но не кај нас. Кај нас пишувањето како професија не знам дали воопшто постои дури не постои ни во измислени приказни, а не па во реалноста. Пишувањето книги постои, имаме море од големи таленти кои се оставени сами на себе да се борат и да пливаат во разбрануваната вода. Уште пожално е што за едно дело да стигне до срцата на читателите квалитетот воопшто не е услов. Најчесто, најтрнлив е патот по кој најквалитетните дела би стигнале до вистинската читателска публика (а не публиката која само сака гледањето филмови да го замени со читање книги за да се пофали дека ете прочитале 20 книги во тековниот месец).

Зошто е тоа така? Како да постоиме во некоја област во светов каде исток и запад си ги згрешиле точките па сега сите сме осудени да постоиме превртени наопаку. Кај нас речиси сѐ е онака како што не би требало да биде и лесно го голтаме тоа, без џвакање, и си продолживаме да си постоиме без мака а со милиони јадови кои ни тежат и на крајот тие ни пресудуваат.

За едно дело да може навистина да се нарече книжевно дело, неопходно е да има душа и тело. Душата е содржината, а телото формата. И како такво треба со леснотија да може да слета во рацете на читателите за тие да ја гребат површината и некаде зад буквите секој да си пронајде зрак воздух кој ќе направи срцето да му чука посилно.

Во целиот овој процес, оној што го пишува тоа дело би требало да има шанса да продолжи да работи на следното дело без да го цепка 24 часовниот ден на 36 делчиња за да може да работи две работи како би имал доволно пари за да си го самофинансира издавањето и на следното дело и да најде начин како и каде да го продава за да може делото да живее во мислите и душите на што повеќе луѓе.

Писателите секогаш биле оние кои му ја вдахнуваат душата на светот и му даваат смисла на постоењето на човештвото. Па така логично би било да можат да го работат тоа што не само што најмногу го сакаат туку и Бог им го одредил со подарување на таков талент, а нормално е и да земаат плата за тоа што го работат.

Но каде сме ние како држава во целата оваа приказна во која пишувањето уште не е влезено во ниедна категорија ни во мит, ни во урбани легенди а па најмалку се очекува да стане дел од реалноста. Изгледа писателството остана заглавено во нашата ни најпозната категорија ,,снајди се па живеј” во некоја подкатегорија „снајди се па после пишувањето самофинансирај, издавај и продавај”. За жал, кај нас писателството стана еден бизнис од кој сите имаат профит освен оние кои пишуваат квалитетни книжевни дела. И во оваа област од светот, каде север е југ, а југ е север и сѐ е наопаку, ова драги мои луѓе, се смета за среќен крај на приказната.

Крај.

Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во БИТОЛА
Задоволство ни е да ви најавиме дека, по повод 10 години од …
Емоционално јадење – барање утеха во храната
Во денешно време, дебелината е многу чест проблем. Бројот на заболени од …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…