Основното училиште „Даме Груев“ одБитола е училиште со традиција во успешна реализација на европски Еразмус проекти и вклученост на наставници и ученици од ова училиште .
Во периодот од 2 до 6 октомври беа повторно домаќини на ученици од Романија, Шпанија, Италија, Литванија и Турција преку програмата „Стратешки партнерства за училишна размена“ каде учениците меѓусебно соработуваа со своите врсници од различни земји и култури.
„Знаеме дека образованието е главен предуслов за успешно општество, но размената на искуства и методи на работа, се од непроценлива важност“ – истакна директорката Биљана Дамчевска Бакиевска.
За целите и активностите на проектот „Be smart Be green“ повеќе ќе објасни проект – координаторот Соња Јанкуловска.
„Овој проект е фокусиран на развој на зелената агенда која е всушност и приоритет на Еразмус програмата, во насока преку активности училиштето да донесе промени во односот на учениците кон животната средина, управувањето со отпадот, намалување на потрошувачката на ресурси, важноста на одржливиот развој, како и поодговорен однос кон низа еколошки прашања. Додека пак за наставниците можност да го подобрат својот стил на настава со интегрирање на работни методи и техники научени преку размена на искуства со колеги од други институции.“
На оваа мобилност учество зедоа 8 наставници и 21 ученик кои за време на нивниот престој во Битола и училиштето реализираа низа активности на тема „Биодиверзитетот е клуч за да го зачуваме нашиот свет поубав“.
Работилниците беа реализирани од наставниците: Биљана Додовска Георгиев, Кица Трајчевска, Митко Јанески и Весна Дунимаглоска кои со својата креативност го доближаа биодиверзитетот на нашата земја и заштита на животинскиот свет .
Се одржаа работилници на тема:
- Запознавање со концептот на биодиверзитет, различноста на екосистемите , видовите екосистеми, важноста на екосистемот и неговата одржливост.
- Магичниот свет на печурките во фолклорот, различните култури како и нивната улога како разградувачи
- „Запознајте ја нашата биолошка разновидност во Националниот парк Пелистер
- Изградба на засолништа за животни и место за храна од рециклиран материјали
Ова беше мобилност исполнета со запознавеање, дружење, другарување, зближување и подобрување на стандардите и квалитетот на наставата и учењето, дополнува Јанкуловска.