zansin

Од меѓународниот турнир „ОХРИД ОПЕН“ – Охрид  кој се одржа изминатиот викенд и на кој учествуваа 600 натпреварувачи од Македонија, Словенија,  Англија, Бугарија, Босна,  Грција, Косово, Албанија и Црна Гора, К.К. „ЗАНШИН ДО“ – Битола се врати со 3 пехари и 30 медали и тоа 6 злата, 8 сребра и 16 бронзи. Со овој настап К.К. „ЗАНШИН ДО“ – Битола пролетната сезона ја заврши со одлични резултати.

viber image 2024 05 30 14 25 07 317

Само во пролетната  сезона каратистите освоија 127 медали и тоа 19 злата, 24 сребра и 84 бронзи.

viber image 2024 05 30 14 25 14 558

„Во оваа сезона Вероника Кочов и Стефани Кикеска кои повторно покажаа дека сите сме еднакви, настапија на 3 големи турнири и се закитија со 6 злата , доделени со аплауз и восхит на што никој не останува  рамнодушен па многумина со солзи им аплаудираа на овие златни девојки.

viber image 2024 05 30 14 25 08 306

Горда сум што Битола има одличен карате тим кој е помеѓу најдобрите каратисти во Македонија и Балканот. Очекувам есенската сезона да резултира со уште поголеми успеси со што оваа година да биди најуспешна од постоењето на клубот“, вели тренерот Стевка Јанковска Петковска.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…