Илина Таповска е 28-годишна битолчанка која од 2017 година се пресели заедно со семејството во Германија. Причината за таков чекор позната на многумина. Ја забележавме Илина по нејзините прекрасни фотографии на нејзиниот Инстаграм профил ilinas_lenses кои се вистинско уживање за окото. Илина ни дозволува преку нејзиниот објектив да ги видиме убавините на местата кои таа ги посетила, исто како да сме биле таму. Но, во разговорот со неа, дознавме и за нејзината борба со ракот кој ѝ беше дијагностициран минатата година, на Велики Петок. Како што вели, оттогаш, животот го гледам со поинакви очи…Поразговаравме со неа за животот во Германија, љубовта кон фотографијата, борбата со ракот…

PSX 20220915 234530 1

Читај бе: Илина, најнапред кажи ни нешто повеќе за себе…

Илина: Здраво, како прво Ви благодарам за Вашата покана за интервју😊

Се викам Илина, имам 28 години, сопруга и мајка на 2 момчиња… Обожавам фотографија и патувања, секој слободен викенд со семејството го користиме за да отидеме негде и да се релаксираме после недела полна со обврски…. Вљубеник сум во добра книга, долги прошетки во природа, готвење и долги разговори со пријателките 😊

Читај бе: Ти си битолчанка која од 2017 година е со адреса на живеење во Германија заедно со семејството. Како се одлучивте на таков чекор?

Илина: Како и повеќето кои се иселуваат од Македонија, се одлучивме на таков чекор поради лошата финансиска состојба, неправдите во нашата земја, лошиот здравствен систем…..

PSX 20220808 232252 1

Читај бе: Може ли да ни откриеш нешто за животот таму? Дали 5 години се доволни за да се навикнете на тамошниот начин на функционирање?

Илина: Па би рекла дека е индивидуално тоа на кој колку време му треба 😊 мене не ми требаше толкав временски период…. Бидејќи го знаев германскиот јазик уште пред да дојдам тука, се вклопив без никаков проблем, сите брзо се интегриравме….Живееме во југозападна Германија, во мало гратче, на самата граница со Швајцарија, буквално нé дели само мостот на Рајна со Швајцарците😊Животот тука хммм… Кога би гледале од финансиски и професионален аспект е супер во споредба со животот во Македонија. Пример со 2 просечни плати, човек може да си ги подмири киријата, сметките, да ги подмири сите потреби на семејството, да прошета негде, да оди на одмор, да си дозволи работи за кои некогаш сонувал…Имаш шанси да напредуваш професионално, да се надоградуваш, и си ценет доколку си добар и вреден работник….Од друга страна пак, нешто што мене ми недостасува е дружбата, тука луѓето посебно во последните 2,5 години се оддалечени, сé помалку и помалку време одвојуваат за пријатели и дружење…

Читај бе: Што е она што ти се допаѓа најмногу во германското општество? Има ли нешто на што сé уште не може да се навикнеш?

Илина: Она што ми се допаѓа е тоа што правилата и законите ги почитуваат сите, ми се допаѓа на пример тоа што кога одиш во општина поради некој документ не те чека намуртен административец туку си пречекан со насмевка😊 (па дури и ќе ти понудат помош околу бебешката количка, што кај нас не доаѓа предвид за жал), воглавно тоа што сé функционира супер (барем до сега😊)

PSX 20220531 194538 2

Читај бе: Она што можеме да забележиме на твојот инстаграм профил се твоите прекрасни фотографии…кога се појави љубовта кон фотографијата?

Илина: Ви благодарам ☺️

Уште кога бев дете имав посебна врска со фотографијата, тогаш често позирав пред објективот на татко ми, му помагав во развивањето слики од филм и се восхитував на таа „магија”. Скоро 20 години подоцна добив фотоапарат за роденден од сопругот и стариот оган се разгори повторно.☺️

PSX 20220922 164859 1

Читај бе: Што е она што најмногу сакаш да го доловуваш преку објективот?

Илина: Обожавам да фотографирам пејсажи, природа, архитектура и зајдисонца.

Читај бе: Може да забележиме патеписни фотографии од повеќе градови, места и држави. Кои места досега ти оставиле најголем впечаток? И кое според тебе од досега посетените е „најфотогенично“?

Илина: Уфф ова е тешко прашање🤣

Кога би одвоила места во Германија, тоа би биле Триберг, прекрасно место во Шварцвалд каде се наоѓаат највисоките водопади во Германија, општо Шварцвалд нуди прекрасни места за уживање во природа и прекрасни пејсажи со поглед на швајцарските Алпи.

во Триберг 2
Триберг

Минхен е прекрасен град,прекрасната општинска зграда со статуите кои танцуваат… Ротенбург (Rothenburg ob der Tauber) е магично место за време на божиќните празници, имате чувство дека сте во сцена од некој Божиќен филм…Замокот Neuschwanstein во Баварија е дефинитивно место од бајките.

PSX 20220922 174516 2

Во Швајцарија би ги одвоила Водопадите на Рајна во Неухаусен, најголемите водопади во Европа, Цирих е магичен град, Лаутербрунен доколку сакате да уживате во природа, а езерото Бриенз има прекрасна тиркизна боја….

Во Франција ги обожавам малите тесни улички, куќите со автентична архитектура, секоја со своја посебна приказна … Моја омилена дестинација е Италија, градовите околу езерото Комо имаат посебен шарм и убавина, а Милано е град каде секогаш би се враќала. Додека пак кај нас, освен Битола, ги обожавам Крушево и Охрид.

Што се однесува до „најфотогенично” место, според мене секое место па макар и паркот за деца може да биде „најфотогенично” место доколку човек има добра идеја за фотографија.

PSX 20220812 223156 1

Читај бе: Минатата година животот ти зададе голем удар, но успеа да ја победиш болеста. Во разговор ни кажа дека оттогаш животот го гледаш со поинакви очи…

Илина: Минатата година ми беше дијагностициран редок вид на рак на јајници, juvenile granulosa cell tumor, ја имав таа „чест” да бидам една од само отприлика 3000 жени на светов со таква дијагноза. Сé започна на Велики Петок што за мене беше доволен знак дека Господ ме помилува и спаси…. На почетокот беше многу тешко да се прифати фактот дека на тогаш 27 години морам да се соочувам со такво нешто, но со текот на времето научив многу работи, го променив начинот на живот, начинот на размислување. Исто така посетата на манастирот Тумане во Србија многу ми помогна. Како што реков, почнав да гледам на животот со поинакви очи… Денес сум му благодарна на Бога што ми ја одржа таа лекција, и што беше и е секогаш со мене….

Читај бе: Која е твојата порака која сакаш да ја испратиш?

Илина: Би им порачала на луѓето да уживаат во денот и да го живеат како да е последен, затоа што денес ни е дар од Бога, а утре не ни е ветено никому. Да не чекаме совршен момент за да ги правиме работите што ги сакаме, да не чекаме совршен момент за да бидеме со луѓето што ни значат. Да правиме тоа што не прави среќни. Бидејќи еден ден кога ќе се каеме за работите што не сме ги рекле или направиле веќе ќе биде касно.

А за оние кои воделе или водат битка како мојата, бидете горди, Бог ги дава најтешките битки на јаките борци, и не заборавајте после дожд доаѓа сонце.

Читај бе: И за на крај, ти недостига ли Битола? Колку често ја посетуваш и секако, ја фотографираш?

Илина: Секако дека ми недостига Битола, и тоа многу, секогаш кога ја напуштам еден дел од мене останува таму… Секогаш кога имаме прилика доаѓаме па макар и на само 1 недела….И секако дека да, обожавам да ја фотографирам нашата убава Битола…

PSX 20211124 180404 2

Уживајте во фотографиите кои ни ги испрати Илина, а доколку сакате да видите уште нејзините фотографии, посетете го нејзиниот Инстаграм профил.

meblo trejd cesmi во боја
Дали сме сиромашни или пак богати?
Дали сме богати доколку имаме полна сметка на банка? Или сме богати …
Едни од најубавите места на светот кои треба да се видат
Нека вашиот ум талка до најубавите места во светот. Во продолжение ви …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…