Ако мислевте дека серијата Stranger Things, по експлозивниот крај на третата сезона, не може да стане полуда и почудна – се излажавте!

После првите фотографии конечно излезе и првиот официјален трејлер за новата сезона, а според него – има за што да се радуваме.

„Уништивте сè. Вашето страдање ќе заврши наскоро“. Ова се првите зборови што ги слушаме во трејлерот, а потоа започнува хаосот! Вистинско уживање за сите љубители на оваа серија.

Според официјалното соопштение, дејството на оваа серија се случува шест месеци по претходната, по големата пресметка на крајот.

Тимот за прв пат е поделен во четири групи и се соочува со нова натприродна закана и мистерија која доколку успеат да ја решат може да го означи крајот на проблемот со чудовиштата.

Улоги: Винона Рајдер, Дејвид Харбор, Мили Боби Браун, Фин Волфхард, Гејтен Матарако, Кејлеб Меклафлин, Ноа Шнап, Сејди Синк, Наталија Даер, Чарли Хитон, Џо Кари и Маја Хок. Сезоната ќе има девет епизоди, од кои првиот дел ќе биде достапен на Нетфликс од 27 мај, а вториот од 1 јули годинава.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…