Vlaho

Центарот за истражување на предисторијатваденовиве ги завршив теренските истражувања на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија, а кои се одвиваа преку соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола. Резултатите се повеќе од импресивни, што и не треба да изненади имајќи ја предвид екслузивноста на оваа неолитска населба, која е една од најстарите од овој период во регионот, но и во Европа.

Годинава се истражуваше во контролна сонда во западниот дел на локалитетот, а со цел да се направи увид во археолошките слоеви и стратиграфската динамика во овој дел од населбата. Истражувањето посочи дека ранонеолитските културни слоеви на овој локалитет се присутни во висина од дури 2.70 метри, што е зачудувачки со оглед на неговата старост и краткотрајноста на населбите во оваа етапа. Тоа значи дека во самите почетоци на неолитот, на Влахо се живеело прилично динамично и долго, што соодветствува и со неговата апсолутна хронологија во периодот меѓу 6400 – 6000 г. пр.н.е.

Во рамки на 70-ината слоеви присутни во археолошката стратиграфија, се регистрираа мноштво подови од можни 16 неолитски градби подигани или обновувани една врз друга. Меѓу нив се открија и остатоци од земуници, огништа и помали печки, како и бројни фрагменти од садови, алатки, мелници и намерно кршени животински коски. Посебен куриозитет се откриените дрвени остатоци во најраните слоеви на населбата, а кои се релативно добро сочувани имајќи ја предвид сувата средина во која тие егзистирале. Овие дрвени остатоци, како и археоботаничките примероци, ќе подлежат на натамошни анализи за да се утврди нивниот вид и нивната точна старост, а која може да упати и на едни од најстарите неолитски дрвени предмети откриени во Европа.

Следува втората фаза од проектот во која ќе се вршат радиокарбон, археоботанички, зооархеолошки и дендрохронолошки анализи на органските остатоци, а воедно и детално ќе се проучува материјалната култура. Повеќегодишните мултидисциплинарни археолошки истражувања на локалитетот Влахо се дел од соработката меѓу стручњаци од Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Битола, Германскиот археолошки институт, Универзитетот во Белград, Универзитетот во Базел, Институтот Биосенс, Археолошкиот музеј на Македонија и Федералниот институт за технологија во Цирих. Овогодишните теренски истражувања и лабораториски анализи се подржани од Министерството за култура и туризам и од Германскиот археолошки институт.

Времето кое го поминуваме со миленичиња може да биде драгоцено, вели Фројд
Времето што го поминуваме со миленичиња дефинитивно ни помага да се чувствуваме …
Колку сте подлабока личност, толку ви е потешко да пронајдете некого
Длабоката личност е интензивна. Може да биде и малку застрашувачка – затоа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…