Ниту Судниот ден, браќа, нема да биде пострашен од Велики петок. Не, тој несомнено ќе биде помалку страшен, бидејќи тогаш Бог ќе му суди на човекот, а денес човекот му суди на Бога.
Денес е Големиот суд за Бога; човештвото му суди. Денес човекот го оценува Бога; го оценува со 30 сребреници!
Дали е тоа последната цена? Дали Јуда е нашиот последен збор за Христос?
Денес, човештвото го осуди Бог на смрт.
Тоа е најголемиот бунт во историјата на небото и земјата.
Тоа е најголемиот грев во историјата на небото и земјата.
Ниту паднатите ангели не го направија тоа.
Денеска беше извршен Страшниот Божји суд.
Светот никогаш не видел поневин осуденик, никогаш поглупав судија.
Свети Јустин Ќелиски, дел од проповедта на Велики петок 1924 г.
Преподобен авва Јустин Ќелиски роден како Благоја Поповиќ (Врање, 25 март/6 април 1894 – манастир Ќелија, 25 март/7 април 1979) е новоканонизиран православен светец од страна на СПЦ со македонско потекло. Бил архимандрит на манастирот Ќелија, доктор по теологија, професор на Белградскиот универзитет и духовник.