Оваа недела ќе се одржи петнаесеттото јубилејно издание на „Недела на јапонски филм“ кое традиционално се одржува во Кинотека во Скопје и во Центар за култура – Битола.

Неделата на јапонски филм е организирана во соработка со Амбасадата на Јапонија.

Во Битола ќе бидат прикажани филмовите:

·          16.06.2022 Четврток 20 ч. – НИЕ ПРАВИМЕ АНТИКВИТЕТИ
(Uso happyaku / We Make Antiques/嘘八百)

·          17.06.2022 Петок 20 ч. – НОСАРИ: НЕПОСТОЈАНА ВЕЧНОСТ
(Nosari no shima / Nosari: Impermanent Eternity/のさりの島)

Филмовите ќе се прикажуваат во малата сала на НУ Центар за култура Битола, а влезот ќе биде бесплатен.

НИЕ ПРАВИМЕ АНТИКВИТЕТИ

Uso happyaku We Make Antiques

16.06.2022 – Четврток 20 ч.

(Uso happyaku / We Make Antiques / 嘘八百)

Игран филм, Јапонија

2018, 105 мин.

Режија: Масахару Таке (Masaharu Take)

Сценарио: Шин Адачи (Shin Adachi)

Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки, Коган Ашиј

(Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki, Kogan Ashiy)

Сакаи е гратче во близина на брегот на Осака, познато по мечевите во минатото, а денес по квалитетните кујнски ножеви. Во градот живеат Норио, трговец со антиквитети, и Сасуке, кој е грнчар. Еден ден, пред нив ќе се појави Сен Но Рикју, церемонијал-мајстор за чај од XVIII век…

Филмот на Таке во 2018 беше на програмата на Јапонскиот филмски фестивал во Торонто, Канада.

По успехот на филмот кај публиката, во 2020 година авторскиот и актерскиот тим го сними продолжението НИЕ ПРАВИМЕ АНТИКВИТЕТИ! РАНДЕВУ ВО КЈОТО (Usohappyaku Kyomachi Rowaiyaru / We Make Antiques! Kyoto Rendezvous).

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: бесплатен влез

НОСАРИ: НЕПОСТОЈАНА ВЕЧНОСТ

Nosari Impermanent Eternity

17.06.2022 – Петок 20 ч

(Nosari no shima / Nosari: Impermanent Eternity / のさりの島)

Игран филм, Јапонија

2021, 129 мин.,

Режија: Тацуја Јамамото (Tatsuya Yamamoto)

Сценарио: Тацуја Јамамото (Tatsuya Yamamoto)

Улоги: Кисецу Фуџивара, Чисако Хара (Kisetsu Fujiwara, Chisako Hara)

Млад измамник талка низ земјата, им се јавува на постари луѓе кои живеат сами, велејќи им „Бабо, јас сум“, ги лаже дека им е внук. Младичот талкајќи пристигнува во Амакуса, префектурата Кумамото, и ѝ се јавува со познатиот поздрав на една стара жена која има музичка продавница, и таа срдечно го прифаќа. Измамникот секако наумил да ја измами старицата и да ѝ ги земе парите, но таа инсистира дека тој е нејзин внук. На крајот, непланирано, тие почнуваатда живеат заедно, а измамникот постепено почнува да се чувствува чудно удобно: почнува да се навикнува на пријателството со младите селани, на звуците и на пејзажот на Амакуса и на секојдневието со старата дама.

Авторот Тацуја Јамамото освои две номинации на националниот јапонски филмски фестивал Nippon Connection Japanese Film Festival 2021.

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: бесплатен влез

Уживајте во Истанбул, градот на два континента за 11 Октомври преку ЈК Травел
Сите милионски градови имаат свој посебен шмек. …
Доделени наградите за изложбата „Цртаме за мир“ во чест на Татјана Петрова
Во НУ Завод музеј беше отворена изложбата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Кармен Ексклузив заедно со своите пријатели и клиенти прослави 30 години успешно работење

30 години „за влакно пред другите“. 30 години пример за многумина како…

Грција втора во светот според бројот на најчисти плажи – 581 плажа ја доби ознаката Сино знаме, Халкидики убедливо води

Грчките плажи се меѓу најчистите во светот, а Халкидики и островот Родос…

НЕЗАБОРАВ 2022 Песни за Битола – втор дел (ВИДЕО)

Ако одите во Битола, на Дулие градот ќе ви ги отвори своите…

Новата песна на битолската група „Фаворити“ совршена за првиот свадбен танц

„Ти си ми сè“ е името на новата песна на битолската група…