sara nasilstvo

Додека седевме во кафана одекна една вест дека жена била нападната на улица и подоцна пренесена во болница. Не било која жена – туку градоначалничка, односно институција. Сепак, ние живееме во држава каде ретко кој симбол останува неоштетен. Но вистинскиот шок не е што некој ја претепал Данела Арсовска. Вистинскиот шок е што ние сè помалку се шокираме. Станавме имуни на секое зло, на секое добро, на сѐ..

Меѓутоа ова не е исклучок туку одраз. Насилството не се случува во празен простор напротив тоа се храни од нашето секојдневие од говорот што го оправдуваме и браниме. За жал, живееме во труло општество во кое што да и направиш си мета на критики. Од навидум безопасните навреди што ги шуткаме под тепих потоа од јавниот линч на жените во политика, шоу-бизнис, дури и меѓу обични луѓе на Фејсбук. Денес е Данела, вчера беше новинарка, утре ќе биде некоја девојка што ќе „одговори“ на улица. Верувате во карма? Животот е круг.
Живееме во култура што го нормализира насилството. Не само физичкото, туку и симболичното, тивкото и подмолното. Тоа што го гледаме кога маж ќе ја прекине жената на телевизија со „не ти е ова кујна“. Кога ја напаѓаме облеката, тонот, шминката, а не ставовите. Кога жената не може да згреши – без да ѝ биде кажано нешто многу полошо од критика.

Насилството во Македонија не доаѓа од маргините. Тоа е централна алатка во секојдневниот дискурс – политички, медиумски, па дури и приватен. Сме го прифатиле како средство за доминација, за потиснување, за победа. Забораваме дека секој збор може да биде семе на удар. И секое премолчено насилство – зелено светло за следното.

Кога молчи јавноста, кога институциите се прават дека не гледаат, кога партиите бројат политички поени наместо да осудат – испраќаме порака. Порака дека не е страшно, дека е дозволено, дека е прифатливо.
Но не е. Не смее да биде. Не поради Данела Арсовска. Туку поради сите нас. Ако денес тоа е жена со позиција, утре ќе биде некоја без заштита, без сведоци, без вест. Ќе биде некоја ќерка, пријателка, сосетка, колешка. Ќе биде нечија вистина што никој нема да ја слушне.

Насилството не е изолиран случај. Тоа е културен проблем. Тоа е огледало. И кога ќе се погледнеме во него, мора да се прашаме: дали ова сме ние? Дали ова е општеството што сакаме да го оставиме?
Ако одговорот е „не“ – време е да зборуваме. Да реагираме. Да не дозволиме новото нормално да биде тишината по ударот.

Раскажи ми приказна: Црвениот фустан
Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор …
„Визуелни елоквенции” – нова поетска книга на Лили Бошевска во издание на „Матица македонска”
Книгоиздавателството „Матица македонска" ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…