Брзината како стил на живот, a животот како во молскавичен сон. Таков е животот на најтрофејниот мотокрос натпреварувач во историјата на Македонија – Христиан Кико Илиоски.
Вози од својата 7 година и има освоено над 200 пехари, 30 медали и две златни кациги, што значи дека во два наврати во континуитет од три години бил со шампионски титули.

Sequence 01.00 33 34 23.Still013

Тој е единствениот Македонец кој застанал на мотокрос патеките на европско првенство и оттаму се вратил трет. Се натпреварувал и на светско првенство во Мотокрос, пласирајќи се во првите 10.

Христиан Илиоски Кико е шампион и легенда во исто време, но направил и на два пати, по три години пауза, затоа што немало кој да го поддржи. 6 години да се направи пауза за една блескава кариера е прилично, а да на станува збор за спортски повреди. Од март оваа 2022 година, позади Христиан застанува СН финансии инвестирајќи во мотор и соодветна професионална опрема за неговите трки. Иницира и поширока акција помеѓу битолските компании за поддршка на овој врвен спортист:

Sequence 01.00 07 14 04.Still021
Sequence 01.00 09 13 16.Still006

„Оние кои добро ме знаат добро знаат дека сите мои хоби се поврзани со брзина и авантура. Оние кои не ме знаат добро, пак добро знаат дека СН Финансии е секогаш со спортистите кои се на врвот. И нивна природно место се пиедесталите. Така го запознав херојот на мотокрос патеките. Тоа е Христиан Кико Илиоски. Стилот на живот на Христијан е брзината и победите. И тука се пронајдовме со него, дополнително. Затоа што СН финансии се познати по брза и ефикасна услуга, но и по победи во она што го работиме, а тоа се бројките во финансиите. Затоа започнува и оваа наша соработка. Христиан ја добива целата наша поддршка како спортски амбасадор на компанијата која ја водам“-истакна Никола Јошевски генерален директор на СН Финансии.

Мотор КТМ 450 SXF и профи кацига се само прв дел во донацијата за овој спортист. Како и логистичка поддршка за сите негови настапи на натпреварите.

Sequence 01.00 09 38 17.Still007

„Денес сум со трема како можеби пред најтешките трки. А имам и причина, ова е најголема донација која досега сум ја добил. Но и среќен, затоа што со овој мотор ќе го подобрам својот перформанс на патеките. Брзина и апдејтирана техника. Сезоната почнува за неполн месец и оваа донација доаѓа во вистинско време“-истакна Христиан Илиоски Кико на церемонијата во Битола каде се означи почетокот на оваа соработката која според најавите ќе трае.

Sequence 01.00 14 12 24.Still010
Христиан Илиоски Кико

„Ја користам оваа прилика да изразам бескрајна благодарност за СН финансии кои на првата средба ги слушнаа нашите планови и уште на истиот состанок рекоа „Со вас сме!„ Така Кико тогаш експресно прво доби нова кацига, а потоа се нижеа идеи. Тие во овој проект настапија како пријатели, како најголема поддршка која можеби ние не ја добивме од вистинските пријатели и ќе ја оправдаме со врвни резултати“-истакна менаџерот на овој врвен спортист Игор Ѓоргиоски.

Sequence 01.00 10 09 04.Still008
Sequence 01.00 12 50 08.Still009

Покрај СН Финансии, значајна група на спонзори влегува во тимот за поддршка на Кико за новата сезона: ЈОСИФОВ автомобили, еден од најдобрите дилери на автомобили од групацијата Порше Македонија, ЈК травел ќе стои позади сите патувања на Илиоски, СН осигурителен брокер понуди осигурување за Христиан, но и за сите членови на Мото клуб Пелистер. А маркетинг Агенцијата Вебиарт ќе стои позади целата кампања на овој наш врвен спортист.

Sequence 01.00 02 14 06.Still001
275109803 495750938593169 7315795608688300156 n
Sequence 01.00 32 30 08.Still011
Sequence 01.00 33 09 13.Still012
Sequence 01.00 01 31 09.Still018

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…