og mandino

Августин Ог Мандино (1923-1996) е американски писател со италијанско потекло. Автор е на повеќе книги за самопомош, мотивација и инспирација во секојдневното живеење. Неговите најпознати книги се „Најголемиот трговец на светот“, „Најголемото чудо на светот“, „Мисија: Успех!“, „Враќање на старинарот“ и уште многу други.

Дејството на „Најголемиот успех во светот“ се случува во периодот кога Исус бил распнат, во текстот подолу се дадени еруптивните реченици низ кои се анализира човечкиот успех во животот.

viber image 2023 01 23 07 38 14 713

Работи вредно  секој ден како од тоа да ти зависи животот: Ти не си создаден да безделничиш. Работата не е твој непријател, туку пријател. Дури и кралевите сонуваат за други професии. Ти  мораш да работиш, а твојата судбина го одредува не она што го работиш, туку како го работиш. Ниту еден човек кој е невнимателен со чеканот нема да изгради палата. Сожалувај ги оние кои те злоупотребуваат и прашуваат зошто даваш толку многу, а добиваш многу малку. Кој малку дава, малку и добива. Никогаш не доаѓај во искушение да ги штедиш твојот труд, дури и кога работиш за друг. Секогаш давај сѐ од себе.

Научи дека само со трпение можеш да управуваш со својата судбина: Бегај како од чума, од секој автомобил што ќе те застане да ти понуди пократок пат од богатството, славата и моќта. Оди пеш. Стрпливоста е горка, но нејзините  плодови се слатки.

Подготви се за темнина додека патуваш по сонце: Ниту една состојба не е трајна. Запомни дека ништо не е вечно, па внимателно чувај ја над сѐ, љубовта што ја добиваш. Можеби ќе дојде време кога тоа што го имаш направено за другите, некој ќе го нарави и за тебе.

viber image 2023 01 23 07 47 10 449

Смеј ѝ се на неволјата сѐ додека таа не се предаде: Неволјата е дождот во твојот живот, студен, непријатен, непријатески расположен. Сепак тој дава: лилјан, роза, урма, калинка. Во најмрачните моменти – неуспехот е едно скалило кон успехот, секое откритие на она што е лажно те насочува кон она што е вистина.

Сфати дека плановите ќе останат само сни ако ништо не преземеш: Твоите планови ќе останат само пусти сни сѐ додека не се исправиш и не почнеш да се бориш против силата која те понижува.

Симни ја пајажината од својот ум пред да се фатиш  во неа: Грижи се за сегашноста. Оној што пред време се грижи за несреќата, двапати ги преживува. Заборави што поминало и пушти го Господ да се грижи за иднината. Тој е многу поспособен отколку ти.

Олесни си го себеси товарот ако сакаш да стигнеш на одредено место: Сфати дека човековата вистинска вредност се мери со она што тој одбива да го стекне или да го направи. Поедностави го својот живот. Најбогат е оној човек кој е задоволен со малку.

Никогаш не заборавај дека секогаш е подоцна, отколку што мислиш: Живеј со смртта како со другар, но никогаш не бегај од неа. Бидејќи кога ќе умреш, ќе бидеш со Господ. А додека живееш, Тој е со тебе.

Биди секогаш она што си: Да се биде она што си и да се стане она што можеш да станеш е тајната на среќниот живот. Никогаш не троши ја силата да се воздигнеш себеси до нешто што не си, само за да му угодиш на другиот. Дали лавот некогаш се обидува да лета? Ти не можеш да ја избереш својата професија. Твојата професија те одбира тебе. Никој не може да го заземе твоето место. Сфати го тоа и биди она што си. Потруди се најдобро што умееш во она што го работиш најдобро, па ќе знаеш во душата дека си го постигнал најголемиот успех во светот.

Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
Не споредувајте се со никого, секој си има свој единствен животен пат
Ова нека биде ваш потсетник дека секој од нас си има свој …
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…