monmartr unesco

Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 3О јубилеен конкурс кој овој пат ја носеше темата “Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја” доделени им се 2О индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 2О ученици од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 3О години а на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 7О земји во светот кои генерираа фонд од околу 4.ООО дела од кои 84О ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.

unesco 4

Втората фаза опфати 3ОО дела по што следеше номинација на 2ОО ученици за 1ОО награди или најдобрите 1ОО во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 8-ми март 2О23 година а ова се финалните резултати.

Од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола има 12 ученици кои се меѓу селектираните – номинираните и наградените 3ОО до 1ОО дела од 7О држави и тоа:

Фросина Полизовска [ 9 години ] – Меланија Кондовска [ 14 години ] – Велерија Костовска [ 16 години ] која го освои и третото место – бронзен медал во категоријата млади уметници од 14 – 17 години и Ангела Цветковска [ 18 години ].

meblo trejd lepila

Награди добија и учениците Никола Тасевски [ 1O години ] и Јана Талеска [ 1О години ] како и учениците Анастасија Наумчевска [ 14 години ] – Сара Наумовска [ 14 години ] – Ана Полизовска [ 14 години ] – Леа Стерјев [ 14 години ] – Марија Јанкуловска [ 15 години ] Сирма Спиркоска [ 15 години ] и Андреа Ресановиќ [ 15 години ].

Посебна покана за посета на церемонијата на доделување Награди има ученичката Валерија Костовска и Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјална церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Espace Argence во Троја – Франција.

unesco 7

Овој успех доаѓа во година кога Министерството за култура на Северна Македонија за УНЕСКО програмата со акцент на 24-тата светска детска ликовна изложба – конкурс и колонија во Евора – Португалија на студиото им додели нула денари финансиска помош.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствениот претставник – учесник на УНЕСКО конкурсот од Македонија за што посебно Признание добива студиото и Претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

Патувањето на претставници од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и наградените ученици засега како најавуваат од студиото за жал нема да може да се реализира.

jk tunis
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…