Согласно објавените резултати од првото издание на новоформираниот детски ликовен конкурс со мини работилница кој го организираат Културниот и уметнички центар на округот Аргес во соработка со училиште за уметности и занаети од Питешти – Романија како и романското министерство за образование и наука и министерството за култура ученичката на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола Јована Василевска е добитник на медал – еден од четирите еднакви во својата категорија на млади талентирани уметници од 12 до 15 годишна возраст заедно со двајца млади колеги од Индија и еден од Тајланд.
Училиште за уметности и занаети од Питешти – Романија прими пратки од 25 држави кои генерираа фонд на ликовни дела од 2.5ОО ученици. Како ова е прво издание организаторите најавуваат и т.н. натпреварувачки камп за кој сеуште не е јасно дали ќе следи оваа година или следната но дефинитивно е најава за нова детска ликовна колонија.
“Јована е наш ученик помалку од 2 години. По вокација е спортист и бевме прилично изненадени и од уметничкиот талент. Оценките не беа наши но проценката е дефинитивно на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.
Питешти ни беше особено интересен затоа што со колегите од Романија говоревме и за ‘ркулец на нова детска ликовна колонија која најверојатно ќе започне во 2О25 година т.е. по второто издание на новиот детски ликовен конкурс.
Само за 2О24 година Јована Василевска е добитник на златен медал – прва награда од 25-тото издание на светската детска ликовна изложба по конкурс “Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора во Република Бугарија и трето место – бронзен медал од Светскиот детски ликовен конкурс кој 35 години по ред го организира регионалната канцеларија за култура на Газиантеп гувернерот при Република Турција.
Овој трет медал е голем показател и чест и за нашето студио како и самата ученичка затоа што низ освоените награди говори младиот талент кој е глобалниот промотор – амбасадор на универзалните вредности во светот како културата и спортот особено кога тематa беше „фолклорни традиции од мојот регион” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.