На 1 август, Битола ќе биде музичкиот центар на Македонија!
Со големо задоволство ви најавуваме дека легендарниот Здравко Чолиќ ќе одржи ексклузивен концерт ова лето – единствен настап во Македонија, и тоа на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Станува збор за уметник кој со децении го носи епитетот најголема регионална ѕвезда, а неговите концерти редовно поставуваат нови рекорди на посетеност. Само оваа година, Чолиќ ја одбележа сцената со пет распродадени концерти во „Зетра“ во Сараево, со повеќе од 80.000 посетители, како и трите концерти во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Неговите настапи се вистински музички спектакл – тричасовни концерти исполнети со енергија, емоции и безвременски хитови кои обединуваат публика од сите генерации. Со врвна продукција и изведба на светско ниво, Чолиќ постојано ја потврдува својата големина на сцената.
Битола ова лето ќе биде домаќин на еден незаборавен настан кој не смее да се пропушти.
Влезниците се во продажба онлајн на avalonbooking.mk, и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија како и во: ДИМПО тобако, Пајтон, Јагода,
по следните цени и категории:
Партер – 1.000 денари
Фан пит – 1.500 денари
Silver трибина – 2.000 денари
Golden трибина – 2.500 денари
ВИП трибина (ограничен број) – 3.000 денари
ВИП партер (ограничен број на пакети со високи маси)
На 1 август, каде и да си – во Битола да си!








