hristijan 1

Наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“ годинава му припадна на младиот и талентиран саксофонист Христијан Ристески. Признанието ќе биде врачено во рамки на 9. издание на Џез фактори фестивалот – Националната џез платформа, кој ќе се одржи од 15 до 19 април во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, со настапи на реномирани џез музичари од Македонија и странство.

„Ја користиме оваа прилика искрено да му честитаме на Христијан за ова значајно признание и да му посакаме многу успеси, инспирација и блескава иднина на џез сцената“, истакна директорот на фестивалот, професорот Сашо Поповски.

Наградата традиционално се доделува во соработка со стратешкиот партнер „Синпекс Битола“, а свеченото врачување ќе се одржи на 17 април 2026 година (петок), со почеток во 20 часот, на сцената на Народниот театар во Битола.

Во изминатите години добитници на наградата „Гоце Димитровски“ беа: Александар Ванчовски (2020 – тапани), Филип Динев (2021 – гитара), Александар Бошков (2022 – гитара), Јован Цветковиќ (2023 – пијано), Давид Скерлевски (2024 – пијано), Теодор Јаневски (2025 – тапани), а годинава признанието му припадна на Христијан Ристески за саксофон.

Надминувајќи го класичниот фестивалски формат, Џез фактори фестивалот прераснува во национално културно движење кое ги поврзува градовите, уметниците, институциите и публиката преку современиот џез израз. Оваа година фестивалот ќе се реализира во повеќе градови низ земјава, со учество на уметници од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија.

10 совети за добро расположение и енергија
Стресот и напнатоста имаат негативно влијание врз доброто расположение. Вежбањето, престојот во …
Принципот на чопорот функционира уште во градинка – што со неприлагодените деца?
Кој им дава право на кој било, децата да ги поставува во калап? …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…