Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола го најави најголемиот „Мал Битолски Монмартр” досега со учество на потвредени над 18 држави низ 2О делегации со над 15О – 18О учесници.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола чие раководство на покана на Европскиот Парламент е во работна посета на институциите на ЕУ во Брисел – Кралството Белгија ги објави резултатите од 43-то издание на светскиот детски ликовен конкурс “Битола” на кој оваа година учество имаа над 8ОО приватни и државни школи од 85 земји кои формираа фонд од над 8О.ООО детски ликовни цртежи од скоро 7О.ООО млади ликовни уметници од цел свет.
Од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола информираат дека оваа година со Наградата „Покана за учество на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр” се здобија следните земји – делегации:
– Албанија – “National Cultural Children Center” – Тирана
– Босна и Херцеговина – SSH “Ivan Goran Kovachich” – Кисељак
– Бугарија – Foundation “Bulgarian Memory” – Софија
– Кина – “Simply Art” – Хонг Конг
– Хрватска – School Of Applied Arts – Риека
– Чешка – ZUSH “Terezie Brzkove” – Плзен
– Индија – “Hobby Centre For Art” – Ахмедабад
– Израел – “Shirley’s Fine Art School” – Лапид
– Јапонија – City Of Chigasaki – Канагава
– Малезија – “Yeow Chye Art Studio” – Аир Итам
– Малезија – “Archway Of Dream Drawing” – Џорџтаун
– Црна Гора – JU Srednja Likovna Shkola “Petar Lubarda” – Цетиње
– Северна Македонија – Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” – Битола
– Полска – Mlodziezowy Dom Kultury “Creatio”- Рубник
– Португалија – Atelier de São Bento & Atelier de Almada – Лисабон
– Романија – Maria Dima – Букурешт
– Србија – Likovni Atelje “Artino” – Белград
– Словачка – ZUSH “Spishska Bela” – Спишка Бела
– Турција – “Veysel Acar Atolyesi” – Трабзон
– Турција – “Cetin Sen Bilim Sanat Merkezi” – Кајсери
„Пред се честитки на сите кои се поканети на колонијата што во основа е најголемата награда за младите ликовни таленти и талентирани ученици. Периодот од 23 – 3О мај секоја година и така 44 без прекин кога Битола – Охрид и 1.ООО годишниот манастир “Свети Јован Бигорски” се препознатливи по младите ликовни уметници кои во радост и креативност низ 8 работни часа на ден ја цртаат староградската архитектура на Битола и Охрид и манастирската архитектура на Манастирот “Свети Јован Бигорски” и со тоа ја овековечуваат генерирајќи над 6ОО ликовни дела низ една седмица работна ликовна колонија.
Она што можеби изненади е одлуката на жири комисијата оваа година Романија како делегација да ја претстави младата ликовна уметничка Мариа Дима [ 25 ] која живее во Букурешт, но за оние кои го следат нејзиното учество како учесник на бројни изданија на „Мал Битолски Монмартр” знаат, а ние и ќе потсетиме дека Мариа Дима во 2О19 година беше единствената во историјата на МБМ учесничка на конкурсот која доби Гран При во лично име. И тоа говори за квалитетот.
Марија Дима во Битола ќе престојува со својот сопруг поетот Санџот Синг од Индија со што ќе се реализира и уметничко – поетски перформанс. Радосни сме кога нашите поранешни учесници низ годините станале професионалци во својата област што е есенцијата на сонот и постулатот на мисијата на мојот татко Коста Хаџи-Антоновски” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС.
Воедно од ДЛС ги објавија и наградите за школи и професори и тоа:
1. Награда “Мал Битолски Монмартр” за поддршка и развој на организираната форма за проценка и нега на уметничкиот талент на на младите визуелни уметници и талентирани студенти 2О25 година:
– професор Миодраг Вукчевиќ – Црна Гора
– професор Мерал Илгун – Турција
– професор Жанет Кубалова – Словачка
2. „Професор Светлана Вешиќ – Ралевиќ“ награда за извонреден педагошки пристап во работата со млади визуелни уметници и талентирани студенти за периодот 2O24/ 2O25:
– професор Ивана Чондриќ – Рибичиќ – Босна и Херцеговина
3. „Професор Коста Хаџи-Антоновски“ награда за глобална промоција на организираната форма на оценување и грижа за уметничкиот талент кај младите ликовни уметници и талентирани студенти за 2О24 / 2О25:
– професор Рузмира Беќирај Бејај – Албанија
4. Награда „Бисер на уметноста“ за особен напредок на студент – поединец во неговиот развој и уметнички опус во периодот 2O24 / 2O25:
Лена Павковиќ – Србија
5. Специјална награда за колекција “Златна четка” која се доделува за збирка ликовни дела од ученици од исто школо пристигнати на конкурсот за 2О25 година:
– Simply Art – Хонг Конг – Кина
– Yeow Chye Art Studio – Аир Итам – Малезија
– Hobby Centre For Art – Ахмедабад – Индија
6. Голема награда „Чувар на наследството на Коста“ доделена за исклучителен придонес во развојот на мисијата на основачот на организираната форма на оценување и грижа за уметничкиот талент кај младите уметници и талентирани студенти во 2O24 / 2O25:
– ликовен уметник Марија Дима – Романија
5. Голема награда „Професор доктор Богомил Карлаварис“ за животно дело и најдобар професионален пристап кон едукација и негување на уметнички талент кај младите уметници и талентирани студенти за 2O24 / 2O25:
– професор Ширли Сигал – Израел
6. Гран-при за 2О25 – најголемата награда за најдобро училиште и најдобра колекција за светската детска ликовна изложба на конкурсот „Битола“ во своето 43-то издание:
– професор Вејсел Аџар – “Veysel Acar Atolyesi” – Трабзон – Турција
“Честитки на сите учесници и наградени. Оваа година повторно се постигнуваат нови рекорди.
Овој пат оваа вест ја соопштуваме од седиштето на Европската Унија во Брисел каде сме на работни посети на покана на европратеникот Андреј Ковачев кој воедно е и член на тимот на претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола а на кои со низа европратеници и нивни асистенти од комисии кои работат на полето на културата – младите и образованието беше претставена активноста на ДЛС и двете најголеми и најстари манифестации од ваков вид во светот кои се високоценети на глобално ниво.
Се говореше и за аспектите како низ програмите на Европската Комисија меѓу кои се на пример и онаа на Креативна Европа и Еразмус плус може да се обезбеди и поддршка а при посетата на Брисел се реализираше и работна средба со Еврокомесарот за иновации – стартапи и истражување Екатерина Захариева која беше запознаена со работата на ДЛС низ неговите 57 години активност на полето на ликовната уметност со млади уметници и талентирани ученици.
Ова за нас се значајни активности за развојот на организацијата на ниво кое отсекогаш и припаѓало а кое последните три години беше и сеуште е доведено во егзистенцијално прашање.” – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола соопштува дека наградите за посебни колекции како и “златна палета” за најдобро индивидуално остварување но и Дипломите за учество поради огромниот број пристигнати детски цртежи ќе бидат поединечно објавени на 2О април 2О25 година и тоа од Трабзон – Турција каде по повод националниот Празник на детето по втор пат ќе се реализира сега веќе традиционалната изложба на дела од „Мал Битолски Монмартр” oд 2О24 година додека Програмата и составот на Меѓународната жири комисија за колонијата ќе бидат соопштени на 15 мај 2О25 година.
„2О25 година е година на многу активности но нив ќе ги откриваме постепено како што ќе се потврдуваат процесите кои веќе се во финални фази а се за нови колонии – нови проекти – нови изложби но и нешто повеќе а се во аспектот за младите и уметност.” – истакна Хаџи-Антоновска.